Робсон Алвеш де Барош (роден на 12 ноември 1997, во Сао Висенте), познат како Робсон Бамбу, е бразилски фудбалер, играч од одбраната на Брага .
Клупска кариера
Сантос
Роден во Сао Висенте, Саун Пауло, Бамбу се приклучил на младинскиот сектор на Сантос во 2007 година на десетгодишна возраст. На 4 август 2016 година, тој го продолжил договорот до ноември 2018 година.
Во јануари 2018 година, Бамбу бил промовиран во првиот тим од новиот тенер Жаир Вентура. Своето деби го имал на 28 јануари, започнувајќи во ремито 1-1 на домашниот терен против Итуано во Кампеонато Паулиста.
Своето деби во бразилската Серија А го направил на 25 август 2018 година, влегувајќи како замена во првото полувреме за повредениот Густаво Енрике во победата со 2-0 на домашен терен над Баија. Три дена подоцна, го имал своето деби во Копа Либертадорес, заменувајќи го Лукас Верисимо во ремито 0-0 дома против Индепендиенте. Атлетико Паранаенсе На 21 ноември 2018 година, Бамбу се преселил во Атлетико Паранаенсе, за кој се вкупно забележал 21 настап во текот на 2019 година.
Ница На 5 јуни 2020 година, Бамбу потпишал за францускиот клуб Ница во трансфер вреден 8 милиони евра. Дебитирал на 23 август, во победата против Ланс со 2-1 во Лига 1.
Не успевајќи да импресионира во клубот од јужниот брег на Франција, Бамбу бил праќан на позајмици; прво се вратил во Бразил за да игра за Коринтијанс во 2022 година, потоа во Васко да Гама каде ја поминал целата 2023 година, а во јануари 2024 се вратил во Европа откако бил позајмен на португалската Ароука.
Брага Na 17 јуни 2024 година, Бамбу потпишал за Брага.
Репрезентативна кариера Бамбу бил младински репрезентатицец на Бразил во селекцијата под 20 години. Во декември, тој бил вклучен во составот на селекторот Рожерио Микале за Јужноамериканското првенство за играчи под 20 години 2017 на местото на повредениот Густаво Каскардо, појавувајќи се двапати за време на турнирот.
Титули Атлетико Паранаенсе Кампеонато Паранаенсе : 1 2019
Куп на Бразил : 1 2019
Наводи
Надворешни врски
Робсон Бамбу на transfermarkt Робсон Бамбу на espn Робсон Бамбу на whoscored
Категорија:Живи луѓе Категорија:Бразилски фудбалери Категорија:Фудбалери на ФК Сантос Категорија:Фудбалери на ФК Атлетико Паранаенсе Категорија:Фудбалери на ФК Ница Категорија:Фудбалери на ФК Коринтијанс Категорија:Фудбалери на ФК Васко да Гама Категорија:Фудбалери на ФК Ароука Категорија:Фудбалери на ФК Брага