Ангелко Блажев Василевски ( во — во Скопско) — македонски партизан, учесник во НОВ.
Животопис Произлегува од сиромашно селско семејство. Завршил само основно училиште. Се занимавал со земјоделство, но поради неплодноста на земјата, со семејството се преселил во село ’Ржаничино и таму живеел сè до одењето во армијата. Во септември 1944 година се приклучил во Осмата македонска ударна бригада со која заминал кон Тетово, каде учествувал во дејствијата за конечното ликвидирање на балистичките банди. По извесен период се вратик и работел во Скопје. Загинал во несреќен случај, во ноември 1944 година, при уништување на заостанати мини. Бил погребан во ’Ржаничино, Скопско.
Наводи
Категорија:Учесници во НОБ Категорија:Починати во Скопско