мини|Елза Ешелсон.
Елза Олава Кристина Ешелсон (; — ) — првата жена што се стекнала со титулата доктор на законите (juris utriusque doctor) и првата жена што се здобила со академската позиција доцент на шведски универзитет, но ѝ било ускратено правото да служи како професор поради нејзиниот пол.
Ешелсон била прва жена адвокат во Шведска. И покрај нејзините извонредни успеси на академијата, таа во текот на нејзината кариера постојано наидувалa на отпор затоа што била жена. Академскиот суд се погрижил граѓанското право, кое било една од главните специјалности на Елза, да не биде вклучено во уставниот амандман со кој им се дозволува на жените адвокати да работат и во својство на професорки.
Наследството што Елза го оставила, во износ од повеќе од 3 милиони денешни шведски круни, било наменето за фонд за стипендии за жени студенти по право. Секоја година, во нејзина чест правниот факултет на Универзитетот во Упсала го слави денот на Елза Ешелсон.
Починала во 1911 годин од предозирање со прашок за спиење.
Наводи
Категорија:Шведски академици Категорија:Шведски адвокати Категорија:Луѓе од Норшепинг Категорија:Шведски писатели