Ана Каролина Одел (родена на 3 октомври 1973 година) е шведска уметница и филмска режисерка. Таа освоила две награди Гулдбаге во 2014 година за нејзиниот филм „Собирот“ во категориите Најдобар филм и Најдобро сценарио. Во 2009 година, нејзиниот филм „Непозната, жена 2009-349701 добил големо внимание откако таа лажирала и снимила обид за самоубиство во Лилјехолмсброн во Стокхолм, како дел од филмот. Двата филма во кои учествувала - „Собирот“ и „Амалимбо“ се номинирани во категории и претставени на филмскиот фестивал во Венеција.
Детство Одел студирала во училиштето Герлезборг во Танум, Констфак универзитетот за уметност, занаетчиство и дизајн и на Kungliga Konsthögskolan во Стокхолм.
Кариера и контроверзии Филмот Okänd, kvinna 2009-349701 (англиски: Непозната, жена 2009-349701) бил студентски труд на Одел за време на студиите во Konstfack. Уметничкиот филм бил дел од изложбата на Констфак за 2009 година и исто така бил прикажан истата година во Калмарс Констмузеум. Уметничкиот филм е направен за да се реконструира сопствениот психолошки распад на Одел во 1995 година, не како терапија, туку за да се докажат структурите на моќта во здравството и гледиштето на шведското општество за психолошките болести.
Снимката на уметничкиот филм довел до контроверзии. На 21 јануари 2009 година, Одел на Лиљехолмсброн во Стокхолм организирала сопствен лажиран обид за самоубиство и психолошки слом и психоза. Полицијата ја однела на психијатриско лекување во болницата S:t Görans во Стокхолм. Следниот ден таа им открила на вработените во болницата дека ги лажирала своите ментални болести за нејзиниот уметнички филм.
Постапките на Одел за време на снимањето биле критикувани од Дејвид Еберхард, во тоа време шеф на болницата. Одел исто така била критикувана затоа што користела ресурси во болницата што можеле да се искористат кај вистински ментално болни кои барале помош истата вечер. Таа била обвинета за насилен отпор при апсење на полицијата и за лажен повик за помош. Судот ја прогласил Одел за виновна и и изрекол парична казна од 2,500 круни. Намалената казна била затоа што судовите сметале дека таа нема кривична намера во своите постапки. Таа не ја обжалила казната.
Во 2013 година, Одел дебитирала како режисер со филмот „Собирот“. Филмот ги опфаќа темите на малтретирање, структурите на моќ во општеството и нездравата хиерархија во училиштата. Одел донела многу свои искуства од сопственото училишно време, а исто така и искуства од нејзината училишна средба. Филмот ја имал својата премиера на филмскиот фестивал во Венеција истата година. Филмот ја имал својата шведска премиера на 15 ноември 2013 година и добил позитивни критики. Филмот освоил и две награди Гулдбаге за најдобар филм и најдобро сценарио.
Во 2016 година, таа дала гласовна улога во анимираниот краток филм „Амалимбо“ од Хуан Пабло Либосарт, а филмот бил номиниран во категоријата краток филм на филмскиот фестивал во Венеција во 2016 година.
Во 2018 година, Одел режирала и играла една од главните улоги во филмот во кој се играла себеси, наречен X & Y, заедно со колегите Микаел Персбрант и Шанти Рони. Филмот е снимен во Тролхотан.
Филмографија
Okänd, kvinna 2009-349701 (Непозната, жена 2009-349701), 2009 The Reunion (Собирот), 2013 X & Y, 2018
Наводи
Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1973 година Категорија:Шведски режисери