Стубол — археолошко наоѓалиште крај кумановското село Орах. Претставува населба од доцноантичкото и хеленистичкото време. На 200 м југозападно од наоѓалиштето Дрезга, на падините на голема височинка се среќаваат фрагменти од керамички садови со груба и фина фактура, со сива боја. Остатоците од фортификацијата се слабо видливи.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 218, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Поврзано Аниште — средновековна населба; Градиште — градиште од римското време; Грамади — населба од доцноантичкото време; Дрезга — населба од неолитското време; Рајници — населба од доцноантичкото време; Стубол — населба од раноантичкото и хеленистичкото време; Орах; Список на археолошки наоѓалишта во Кумановско;

Наводи

Категорија:Орах