Алексо Мусалевски (роден на година во село Драгош - починал на година во ) — македонски агроном, првоборец и општественик.

Животопис

Алексо Мусалевски завршил Реална гимназија во Битола, како талентиран ученик со стипендија. Студиите ги започнал во Земун, близу Белград, но поради Втората светска војна, истите ги прекинал. Се вклучил во НОВ и ја завршил како комесар на Битолско-преспанскиот партизански одред „Даме Груев“. Носител е на Партизанска споменица од 1941. Како ветеран останал во чин мајор.

Во 1946 година, тој ги продолжил студиите на Земјоделскиот факултет во Прага. Поради случувањата во 1948 година, тој се вратил во Скопје, и на новооснованиот Земјоделско-шумарски факултет, тој дипломирал како прв студент. Потоа се вработил на истиот факултет како асистент по генетика. Бил на специјализација во Шведска и во Германија. Освен на поголем број објавени научни и стручни трудови, автор е и на пет новосоздадени сорти, од кои: ’рж (3), пченица (1) и афион (1). Еден мандат (1953–1957), тој бил народен пратеник во Народното Собрание на НРМ. За својата работа има голем број признанија.

Наводи

Категорија:Македонски агрономи Категорија:Македонски партизани Категорија:Македонски општественици Категорија:Македонски пратеници Категорија:Југословенски агрономи Категорија:Југословенски општественици Категорија:Носители на Партизанска споменица од 1941