Ферус Мустафов ( во - година во ) — македонски кларинетист и саксофонист. мини|(Рома Труба фест 2019)
Животопис
Мустафов е роден во Штип во муслиманскко ромско семејство на музичари и е син на Илми Јашаров. Неговата професионална кариера започнала на седумнаесетгодишна возраст, додека студирал виолина и кларинет во локална музичка академија. За тоа време, тој бил поканет да оди на турнеја со бенд предводен од Тома Чрчев, а успехот на турнејата го натерало да се откаже од академското учење за да стане работен музичар.
По една година воена служба, за време на која тој ја воспоставил својата репутација играјќи на вечерни танци, тој се преселил во Сараево, Босна и Херцеговина, каде ја презел водечката улога во експлозијата на популарноста на народната музика што се случила таму во тоа време. Подоцна станал директор за музичко програмирање на ромски јазик за Радио Телевизија Скопје и се здобил со меѓународна публика преку изданијата на албумите на светските музички записи како што се Глобус Стил и Тропски. Настапувал во голем број земји во светот и снимил десетина албуми, главно со инструментални композиции.
Влијание Мустафов е главен лик во расказот „Аферата Џон Колтрејн“ на македонскиот писател Иван Шопов од 2018 година.Очудувања 3. Скопје: Бегемот, 2019, стр. 21-37.
Наводи
Надворешни врски Дискографија на Ферис Мустафов — музички регистар ВБУ
Категорија:Македонски музичари Категорија:Македонски кларинетисти Категорија:Македонски саксофонисти Категорија:Македонски Роми Категорија:Ромски музичари