Основно училиште „Св. Кирил и Методиј“ (официјално: Основно општинско училиште „Св. Кирил и Методиј“ - Македонска Каменица; скратено: ООУ „Св. Кирил и Методиј“) — централно основно училиште во градот Македонска Каменица, Општина Македонска Каменица.
Училиштето е именувано по словенските просветители и светци Свети Кирил и Методиј.
Настава
Во училиштето наставата се изведува на македонски наставен јазик.
Подрачни училишта
Во составот на училиштето влегуваат следниве подрачни училишта: ПУ „Св. Кирил и Методиј“ - Саса, подрачно петгодишно училиште на македонски наставен јазик; ПУ „Св. Кирил и Методиј“ - Моштица, подрачно петгодишно училиште на македонски наставен јазик; ПУ „Св. Кирил и Методиј“ - Дулица, подрачно петгодишно училиште на македонски наставен јазик; и ПУ „Св. Кирил и Методиј“ - Цера, подрачно петгодишно училиште на македонски наставен јазик.
Познати личности кои учеле во ова училиште Соња Стаменкова (р. 1968) — политичарка и градоначалничка на Општина Македонска Каменица
Наводи
Категорија:Основни училишта во Општина Македонска Каменица Македонска Каменица Категорија:Основни училишта во Македонска Каменица Категорија:Основни училишта во Македонија