Основно училиште „Кирил и Методиј“ (официјално: Основно општинско училиште „Кирил и Методиј“ - Ораовица; скратено: ООУ „Кирил и Методиј“) — централно основно училиште во радовишкото село Ораовица, Општина Радовиш.

Училиштето е именувано по словенските просветители Свети Кирил и Методиј.

Историја

Училиштето било изградено во 1946 година, а во истото наставата се изведува во две училишни згради кои денес се комплетно уредени и реновирани.

Во сколоп на училиштето е и спортската сала, која била пуштена во употреба во 2008 година. Училиштето располага со дворна површина од 5.439 m2, кој до пред извесен период истиот бил делумно асфалтиран и неуреден, но денес училишниот двор тој е уреден со тревни парцели, поставени се бехатон патеки, целосно е ограден, поставени се клупи, корпи за отпадоци и реновирани се надворешните спортски терени.

Во училиштето било вградено парно греење во двете училишни згради, училишната библиотека и спортската сала.

Галерија

Наводи

Категорија:Основни училишта во Општина Радовиш Ораовица Категорија:Ораовица Категорија:Основни училишта во Македонија