Грамадиште — населба и некропола од доцноантичко време. На еден мал простор во селските ниви, оддалечени 1 километар северно од селото Куково, се наоѓаат остатоци од градежен материјал и фрагменти од питоси. На северниот крај на наоѓалиштето се пронајдени неколку гробови со конструкции од камени плочи.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Поврзано Мошевица — населба од доцноантичко време

Наводи

Категорија:Куково