Основно училиште „Д-р Трифун Пановски“ (официјално: Основно општинско училиште „Д-р Трифун Пановски“ - Битола; скратено: ООУ „Д-р Трифун Пановски“) — централно основно училиште во градот Битола, Општина Битола.

Училиштето е именувано по македонскиот учесник во НОВ и прв партизански лекар, Трифун Пановски.

Местоположба

Училиштето се наоѓа во централното градско подрачје на Битола, помеѓу улиците „Охридска“, „Вангел Мајоро“ и булеварот „1 Мај“. Училиштето се состои од една градба со два краци. Едниот крак е стар дел изграден во 1932 година, а другиот крак е изграден 1956 година. Училиштето започнува да работи во далечната 1932 година со стариот дел.

Градба

Училишната градба зафаќа површина од 1420,98 м2, а училишниот двор површина од 3088 м2. Училишниот двор има зелен дел и асфалтиран дел каде што се сместени спортските терени за реализација на спортски активности.

Подрачни училишта

Во составот на училиштето влегуваат следниве подрачни училишта: ПУ „Д-р Трифун Пановски“ - Братин Дол, подрачно петгодишно училиште на македонски наставен јазик; ПУ „Д-р Трифун Пановски“ - Дихово, подрачно петгодишно училиште на македонски наставен јазик; ПУ „Д-р Трифун Пановски“ - Трново, подрачно петгодишно училиште на македонски наставен јазик;

Подрачното училиште во Нижеполе не работи од 2011 година, а исто така повеќе не работи ниту училиштето во Брусник.

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Поранешна службена мрежна страница на ОУ „Д-р Трифун Пановски“

Категорија:Основни училишта во Општина Битола Категорија:Основни училишта во Битола Битола Категорија:Основни училишта во Македонија