Основно училиште „Елпида Караманди“ (официјално: Основно општинско училиште „Елпида Караманди“ - Битола; скратено: ООУ „Елпида Караманди“) — централно основно училиште во градот Битола, Општина Битола.

Училиштето е именувано по македонскиот народен херој, Елпида Караманди.

Зградата на училиштето е дело на архитектот Станко Бутурац.

Историја

Училиштето отпочнало со работа на 9 февруари 1981 година (2 полугодие). По предлогот на Сојузот на борците од Битола прифатено е новото училиште да го носи името на народниот херој од Битола, Елпида Караманди.

Подрачни училишта

Во составот на училиштето влегуваат следниве подрачни училишта: ПУ „Елпида Караманди“ - Доленци, подрачно петгодишно училиште на албански наставен јазик; и ПУ „Елпида Караманди“ - Цапари, подрачно петгодишно училиште на македонски наставен јазик.

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Официјална страница

Категорија:Основни училишта во Општина Битола Категорија:Основни училишта во Битола Битола Категорија:Основни училишта во Македонија