Џеј Хиндли (; р. во ) — австралиски професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата .
Кариера
Откако се приклучил на екипата за сезоната 2018, Хиндли го имал својот прв настап за на Волта ао Алгарве 2018. Во август 2018 година бил вклучен во почетниот состав за Вуелта а Еспања. Во мај 2019 година бил именуван во почетниот состав за Џиро д’Италија 2019.
Хиндли добро ја започнал сезоната 2020 со победа на две етапи и генералниот пласман на Хералд Сан Тур во февруари. Започнал да вози на Џиро д’Италија во октомври. Стигнал до третото место во генералниот пласман откако завршил трет на етапата 15. Ја освоил етапата 18, која била сметана за „кралска етапа“ поминувајќи го превојот Стелвио. Стигнал до второто место во генералниот пласман по таа етапа и го презел водството во пласманот за млад возач. Завршил втор зад Тео Гејган Харт на планинската дваесетта етапа изедначувајќи се со времето во генералниот пласман како Гејган Харт. Последната етапа на Џиро бил хронометар во должина од 15,7 километри. Хиндли завршил со време од 39 секунди поспоро од Гејган Харт, што значело дека Хиндли го завршил Џиро на второто место во генералниот пласман.
Хиндли се повлекол од Џиро д’Италија 2021 пред почетокот на етапата 14. Во тој момент тој се наоѓал на 25. место со повеќе од 17 минути зад предводникот на трката.
Хиндли се префрлил во екипата за сезоната 2022. Рано во сезоната успеал да заврши меѓу првите пет на Тирено-Адријатико 2022. Два месеци подоцна ја освоил својата прва голема трка, Џиро д’Италија. Хиндли возел силно во текот на првите две седмици на трката и ја освоил деветтата етапа, високопланинска етапа. Во текот на завршната трета седмица се задржал на второто место, само на неколку секунди зад Ричард Карапас. На претпоследната планинска етапа успеал да ги помине сите фаворити за генералниот пласман, вклучувајќи го Карапас, и извозел за водство во генералниот пласман со солидна разлика пред завршниот хронометар. По вторпат во својата кариера го возел завршниот хронометар на Џиро носејќи ја розовата маичка, но овојпат ја освоил трката. Тој бил прв Австралиец кој го освоил Џиро и само втор Австралиец што освоил некоја голема трка, по Кедел Еванс кој го освоил Тур де Франс.
Достигнувања
2013 Океански јуниорски друмски првенства 2. 15п Друмска трка 10. Хронометар 2014 3. 15п Океанско јуниорско друмско првенство 3. Национално јуниорско друмско првенство 2015 10. Океанско хронометарско првенство под 23 години 2016 1. ГП Каподарко 2. Краен пласман Ан Пост Рас 1. 20п Пласман за млад возач 2. Тајвам КОМ Челинџ 5. Краен пласман Тур де л’Авенир 6. Флеш Арденес 2017 1. 20п Краен пласман Тоскана-Тера ди Чиклисмо 1. Планински пласман 1. Етапа 1a (ТТТ) 1. 20п Краен пласман Трка Фужу 1. Етапа 4 2. Краен пласман Хералд Сан Тур 1. 20п Пласман за млад возач 2. Трофео Чита ди Сан Вендемијано 3. 15п Океанско друмско првенствп 3. Краен пласман Џиро Чиклистико д’Италија 1. Етапа 7 4. Краен пласман Тур Рон-Алп Изер 4. Гран Премио Индустри дел Мармо 9. Краен пласман Тур Алзас 10. Краен пласман Тур де л’Авенир 10. Гран Премио Палио дел Речото 2019 2. Краен пласман Трка околу Полска 2020 1. 20п Краен пласман Хералд Сан Тур 1. 20п Планински пласман 1. Етапа 2 1. Етапа 4 2. Краен пласман Џиро д’Италија 1. Етапа 18 2021 7. Краен пласман Трка околу Полска 2022 1. 20п Краен пласман Џиро д’Италија 1. Етапа 9 5. Краен пласман Тирено-Адријатико 6. Класика Хаен 7. Краен пласман Вуелта а Бургос 10. Краен пласман Вуелта а Еспања
Распоред на резултатите
Распоред на резултатите на големите трки Голема трка 2018 2019 2020 2021 2022 20п Џиро — 352 DNF1 20п Тур — — — — — 20п Вуелта 32 — — —10Распоред на резултатите на поголемите етапни трки Етапни трки 2018 2019 2020 2021 2022 20п Париз-Ница — — — 18 — 20п Тирено-Адријатико — — 13 —5 Волта а Каталуња 71 —НСО СО 13 20п Трка околу Баскија — — — — 20п Тур де Романди — — — — Критериум ди Дофине — — — — — 20п Тур де Свис — —НСО — —
— = не учествувал; СО = се откажал; НСО = не се одржала
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Родени во 1996 година Категорија:Живи луѓе Категорија:Австралиски велосипедисти Категорија:Австралиски етапни победници на Џиро д’Италија Категорија:Победници на Џиро д’Италија