Пржалот — археолошко наоѓалиште во кавадаречкото село Крњево. Претставува средновековна некропола. Откриена е при обработувањето на земјата, источно од патот. Со ископувањата во 1975 година биле истражени повеќе словенски гробови со камени конструкции. Прибраните гробни прилози имаат аналогии во наодите од големата словенска некропола во Демир Капија од IX до X век.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 153, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Поврзано Градиште — населба од доцноантичкото време и сакрален објект; Мечковец — средновековна населба; Орнички — населба - збег од доцноантичкото време; Св. Димитрија — средновековна некропола; Црквиште Св. Атанас — старохристијанска базилика; Чешма — населба од доцноантичкото време; Чешма II — населба од доцноантичкото време; Крњево; Список на археолошки наоѓалишта во Кавадаречко; Список на средновековни некрополи во Македонија.
Наводи
Категорија:Крњево