Ахмед Шефик Мидхат-паша ( – ) – отомански демократ и еден од водечките државници за време на доцното танзиматско раздобје.

Биографија Најпознат е по водењето на отоманското уставно движење од 1876 и воведувањето на Првата уставна ера, но иста така тој е водечка личност на реформите во образовната и провинциската администрација. Бил дел од владејачката елита која признавала дека царството е во криза и сметал дека реформата е очајно потребна. Мидхат-паша е опишан како личност со либерален став и се смета за еден од основачите на Отоманското собрание.

Каролин Финкел го опишала како "вистински претставник на танзиматскиот оптимизам, кој верувал дека на сепаратистичките стремежи може да им се спротивстави со покажување на придобивките од добро владеење." За Британците, неговата реформска преданост била исклучок, заснована на поединечната снага и личност. Тие верувале дека Мидхат-паша не може да успее, наведувајќи ја неефикасната и корумпирана природа на отоманската држава и расцепканоста на нејзиното општество.

Мидхат-пашиниот сук во Дамаск сè уште го носи неговото име.

Судење, затвор и смрт лево|мини|Мидхат-паша на пат кон изгнаништвото во Таиф, фотографиран на пристаништето пред качувањето на паробродот „Изудин“ (ʿİzzu'd-Dîn), 28 јули 1881 година (фотографија: Василакис Каргопулос). Во 1881 година бил уапсен под обвинение дека учествувал во „убиството“ на Абдул Азис (политички процес со слаби докази, добиени преку тортура). Осуден на смрт, но под британски притисок казната му била заменета со доживотен затвор. Испратен во Таиф (Хеџаз, денешна Саудиска Арабија).

На 26 април 1883 (или 7/8 мај 1884 според некои извори) бил удавен во ќелијата по наредба на султанот Абдул Хамид II. Официјално се тврдело природна смрт или самоубиство, но историчарите го сметаат за политичко убиство. Неговата глава наводно била испратена во Истанбул за потврда.

Во 1951 година неговите останки биле пренесени во Истанбул и закопани во Споменикот на слободата (Abide-i Hürriyet) заедно со други реформатори.

Наводи

Надворешни врски

Death of Midhat Pasha, the Career of the Great Reformer in Turkey from the New York Times (12 May 1884) The life of Midhat Pasha (1903 biography) Page images at the Internet Archive transcribed text at Project Gutenberg

Категорија:Паши Категорија:Големи везири на Отоманското Царство од 19 век Категорија:Реформи во Отоманското Царство