Цигански Гробишта или Радолишка базилика — археолошко наоѓалиште во струшкото село Радолишта. Претставува старохристијанска базилика и раносредновековна некропола. Прогласено е за културно наследство на Македонија.

Местоположба

Базиликата се наоѓа на источната страна на селото. До нејзе води земјен пат меѓу последните куќи и не е никако означена.

Опис

Со систематски археолошки ископувања во 1954 година била откриена трикорабна базилика со нартекс, егзонартекс, анекси и крстилница од археологот Димче Коцо, а биле завршени во 1976 година од археологот Владо Маленко, кога биле откриени раносредновековни гробови. Само нартексот и централниот кораб на наосот се покриени со подни мозаици со стилизирана флорална и геометриска декорација и животински претстави. Базиликата е датирана на крајот на V век, а некрополата припаѓа во VII до VIII век. Наодите се чуваат во Завод и Музеј во Охрид.

Галерија

Поврзано Камен Мост - Опале — населба од неолитското време и некропола од железното време; Радолишта — населба од доцноантичкото време; Радолишта; Список на археолошки наоѓалишта во Струшко; и Список на средновековни некрополи во Македонија.

Наводи

Категорија:Радолишта