„Цимерот на татко ми“ (1990 година) е книга за деца од Мајкл Вилхојт. Таа е објавена од „Алисон Букс“ во 1990 година. „Цимерот на татко ми“ е една од првите детски книги која ја дискутира хомосексуалноста. Приказната раскажува за едно момче чиј татко по разводот живее со неговиот животен сопатник. Поради ваквата тематика, „Цимерот на татко ми“ е вклучена како лектира во многу образовни програми и е наградена со книжевната награда „Ламбда“ во 1991 година.

Поради контроверзната тематиката на книгата и нејзината намена како детска книга, постоеја бројни обиди таа да биде отстранета од училиштата и библиотеките.

Наводи

Категорија:Детски книги Категорија:Книги напишани на англиски јазик Категорија:Добитници на книжевната награда „Ламбда“ Категорија:ЛГБТ