Основно училиште „Кирил и Методиј“ (официјално: Подрачно основно општинско училиште „Кирил и Методиј“ - Злетово; скратено: ПООУ „Кирил и Методиј“) — подрачно основно училиште во селото Злетово, составен дел на училиштето „Браќа Миладиновци“ од градот Пробиштип.
Училиштето е именувано по словенските просветители Светите Кирил и Методиј.
Местоположба
Објектот на училиштето се наоѓа во самото село Злетово, сместено на сретсело.
Историја
Училиштето е изградено во 1966 година.
Настава
Во училиштето се изведува настава од прво до деветто одделение и наставата се изведува единствено на македонски наставен јазик.
Во училиштето се запишани 213 ученици, распределени во 10 паралелки.
Галерија
Наводи
Категорија:Основни училишта во Општина Пробиштип Злетово Категорија:Злетово