Основно училиште „Браќа Миладиновци“ (службено: Основно општинско училиште „Браќа Миладиновци“ - Струга; скратено: ООУ „Браќа Миладиновци“) — централно основно училиште во градот Струга, Општина Струга
Училиштето е именувано по македонските преродбеници и писатели Браќа Миладиновци.
Историја
Порано училиштето било сместено на ул. „Владо Малески“ (порано „Партизанска“ бр. 4), на околу 600 метри на запад од денешната местоположба, во зграда изградена во 1935 година. Таа градба е прогласена за споменик на културата.
Настава
Во училиштето наставата се изведува на албански, турски и македонски наставен јазик.
Подрачни училишта
Во составот на училиштето влегуваат следниве подрачни училишта: ПУ „Браќа Миладиновци“ - Калишта, подрачно училиште на албански и македонски наставен јазик.
Наводи
Категорија:Основни училишта во Општина Струга Струга Категорија:Основни училишта во Струга Категорија:Основни училишта во Македонија