Основно училиште „Единство“ (порано: Основно училиште „Братство-Единство“; службено: Основно општинско училиште „Единство“ - Гостивар; скратено: ООУ „Единство“) — централно основно училиште во градот Гостивар, Општина Гостивар.
Училиштето е именувано по југословенското мото братство и единство.
Местоположба
Училиштето се наоѓа на ул. „Панче Попоски“, бр. 35, во градот Гостивар.
Историја
Училиштето било основано на 29 јуни 1962 година со одлука на Општина Гостивар.
Во 2008 имало спор околу името на училиштето кога тоа било незаконски преименувано од „Братство-Единство“ во „Башкими“, иако било претходно согласено да биде преименувано во „Единство“.Утрински весникГостивар онлајн
На крајот училиштето е именувано како Башкими на албански јазик, како Единство на македонски јазик и како Бирлик на турски јазик.
Настава
Во училиштето наставата се изведува на албански, македонски и турски наставен јазик.
Подрачни училишта
Во составот на училиштето влегуваат следниве подрачни училишта:
ПУ „Единство“ - Беловиште, подрачно училиште; ПУ „Единство“ - Лакавица, подрачно училиште; и ПУ „Единство“ - Циглана, подрачно училиште.
Наводи
Категорија:Основни училишта во Општина Гостивар Гостивар Категорија:Основни училишта во Гостивар Категорија:Основни училишта во Македонија