Ета Лебед (η Лебед, η Cygni) — ѕвезда во соѕвездието Лебед. Видлива е за голото око, со привидна величина од 3,889. Лежи долж главниот труп на соѕвездието, некаде на средината помеѓу ѕвездите Гама Лебед и Албирео. Судејќи според годишното паралаксно поместување од 24,17 лмс, се наоѓа на растојание од 135 светлосни години од Сонцето.
Со старост од 3,3 милијади години, ова е развиена џиновска ѕвезда во облика на црвена грутка од класата K0 III. Тековно се наоѓа на хоризонталната гранка и создава енергија по пат на јадрено соединување на хелиум во јадрото. Има 1,59 пати поголема маса од Сонцето и се проширила на 11 Зрачи 52,5 пати поголема сјајност од нејзината надворешна атмосфера, при делотворна температура од 4.783 K.
Ета Лебед има пет визуелни придружнички, од кои само составницата B е физички поврзана. Оваа ѕвезда со величина 12,0 лежи на аголно растојание од 7,80 лачни секунди по положбен агол од 206°, според утврденото во 2007 г.
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Лебед (соѕвездие) Категорија:Портокалови џинови Категорија:Ѕвезди на хоризонталната гранка Категорија:Двоѕвезди Cygni, Eta BD+34 3798 Категорија:Флемстидови објекти 188947 098110 7615