Епсилон Лебед (ε Лебед, ε Cygni, ε Cyg) — повеќекратна ѕвезда во соѕвездието Лебед. Со привидна величина од 2,48, лесно е видлива со голо око и се вбројува меѓу најсјајните ѕвезди од Лебед. Според паралаксата, Епсилон Лебед е оддалечена околу 73 светлосни години од Сонцето.

Системот има три составници: спектроскопска двојка (Епсилон Лебед A); оптичка придружничка (B) и единечна ѕвезда (C). Двете составници на A се нарекуваат Епсилон Лебед Aa (офиц. Џена или Алџана) и Ab.

Именување ε Лебед (ε Cygni, Epsilon Cygni) е името на ѕвездата според Бајеровото означување. Трите составници се означени како Епсилон Лебед A, B и C, а составниците на A — Епсилон Лебед Aa и Ab, изведени од Вашингтонскиот каталог за повеќекратни ѕвезден системи (WMC), и усвоени од Меѓународниот астрономски сојуз (МАС).

Епсилон Лебед го носи традиционалното име Џена, од (), ел-џена = „крило“. Меѓутоа, ова име почесто се однесува на Гама Гавран. За да се избегнат забуни, почесто се нарекува Џена Лебед (Gienah Cygni). Во 2016, Во 2016 г. МАС приредил Работна група за ѕвездени имиња (WGSN) со цел да ги каталогизира и стандардизира личните имиња на ѕвездите. Решено е да се даваат имиња само поединечни ѕвезди, а не на цели повеќекратни системи. На 30 јуни 2017 г. е одобрено името Алџана (Aljanah) за составницата Епсилон Лебед Aa, наспроти претходно воведеното Џена (Gienah) за Гама Кавран A од заседанието претходната година. Обете денес се официјални.

На кинески во употреба е збирниот поим (Тјен ѓин), што значи Небесен Брод и се однесува на астеризмот кој ги опфаќа Епсилон Лебед, Гама Лебед, Делта Лебед, 30 Лебед, Алфа Лебед, Ни Лебед, Тау Лебед, Ипсилон Лебед и Зета Лебед.中國星座神話, напишано од 陳久金. Објавено од 台灣書房出版有限公司, 2005, . Оттука, кинеското име на самата Епсилон Лебед е (Тјен ѓин ѓу = „Деветта ѕвезда на Небесниот Брод“). 香港太空館 - 研究資源 - 亮星中英對照表 , Hong Kong Space Museum. Accessed on line November 23, 2010.

Придружнички Епсилон Лебед A има оптичка придружничка, Епсилон Лебед B, со која не е физички поврзана, како и кандидат за придружничка со заедничко сопствено движење од 13-та величина, Епсилон Лебед C, која е на аголна одвоеност од 78 лачни секунди. Доколку таа ѕвезда е гравитациски врзана со Епсилон Лебед A, тогаш тие тековно би биле на растојание од 1700 ае или повеќе, и имаат орбитален период од барем 50.000 години.

Особини Составницата A е еднореден спектроскопска двојка. Според увидената радијална брзина се заклучува можна придружничка со орбитален период од барем 15 години. Претставува џиновска ѕвезда од класата K0 III. Ова значи дека ѕвездата ја напуштила главната низа и навлегла во конечната фаза на својот развој. Делотворната температура на нејзината фотосфера изнесува 4.710 K, давајќи ѝ портокалов сјај својствен за ѕвездите од типот K. Има речиси 11 пати поголем полупречник од Сонцето и 62 пати поголема сјајност.

Почнувајќи од 1943 г. спектарот на Епсилон Лебед A служи како устојчиво поаѓалиште по кое се класификуваат другите ѕвезди.

Превез

ε Лебед е сместена три степени северно од маглината Превез, која веројатно е прастар остаток од супернова. Самата маглина е многу пооддалечена од ѕвездата.

Наводи

Надворешни врски Маглината Превез и Епсилон Лебед — слика од Мајк Кроули на PBase

Категорија:Лебед (соѕвездие) Категорија:Портокалови џинови Категорија:Именувани ѕвезди Категорија:Бајерови објекти Категорија:Флемстидови објекти 7949 197989 102488 BD+33 4018 0806.1