Лара Приор Палмер (, р. 24. јуни 1994 год.) е писателка и спортистка. Во 2013 година, Приор-Палмер победи на Монголското дерби со што постана првата жена и воедно најмладата личност која го освоила првото место на трката.

Детство Приор-Палмер израснува во Англија, Обединетото Кралство. Таа своите додипломски студии ги завршува на Стенфордовиот универзитет во Калифорнија, САД.

„Груба магија“ (2019) Во 2019 година, Приор-Палмер ја објавува својата прва книга „Груба магија,“ која претставува своевидни мемоари за нејзиното учество на Монголското дерби. Книгата е добро примена кај критиката. Голем број светски весници објавиле позитивни коментари за овие мемоари.

Наводи

Категорија:Родени во 1994 година Категорија:Англиски писатели Категорија:Англиски спортисти