Црна мачка, бел мачор (; Црна мачка, бели мачор) — српска романтична комедија од 1998 година, во режија на Емир Кустурица . Филмот освоил сребрен лав за најдобра режија на филмскиот Фестивал во Венеција .
Филмските ликови зборуваат на ромски, српски и бугарски јазик.
Заплет Матко Дестанов, ситен ромски шверцер и профитер, живее со својот син-тинејџер Заре во куќа од трска, покрај реката Дунав, во источна Србија, близу бугарската граница. Тој има планови да украде цел воз шверцувано гориво. За да добие заем што би ја потпомогнал кражбата, тој го посетува Грга Питиќ, стар гангстер во инвалидска количка, кој е стар пријател на Зарије Дестанов, таткото на Матко и дедото на Заре. Матко ги споделува деталите за работата со ортакот по име Дадан, кој има харем, гранати и измами за коцкање. Како и да е, Дадан го измамува и го прекинува договорот со тоа што му дава на Матко пијалак со дрогира и ја извршува работата додека Матко е во несвест. Матко не е во состојба да го врати заемот, па Дадан склучува договор со кој би му го простил долгот доколку Заре се ожени со Афродита, сестрата-џуџе на Дадан. Како и да е, Заре е заљубен во Ида, келнерка која работи во установа управувана од нејзината баба-ромка Суја, а Афродита го чека човекот од своите соништа. Дадан ја присилува Афродита да се ожени заканувајќи и се дека ќе ја шутне во бунар, додека Заре најпрво дознава за договорот да се ожени од Ида, која ги слушнала Дадан и Матко како го испланирале во ресторанот каде што работи. Во меѓувреме, Заре го извлекува Зарије од болницата каде што се наоѓал, со помошта од еден ромски бенд.
Улоги
Бајрам Северџан како Матко Дестанов Срѓан Тодоровиќ како Дадан Карамболо Бранка Катиќ како Ида Флоријан Ајдини како Заре Дестанов Љубица Аџовиќ како Сујка Забит Мемедов како Зарије Дестанов Сабри Сулејмани како Грга Питиќ Јашар Дестани како Грга Велики Салија Ибраимова како Афродита Стојан Сотиров како бугарски царински службеник Предраг Лаковиќ како свештеник Мики Манојловиќ како Свештеник
Наводи
Надворешни врски
Black Cat, White Cat on IMDb
Black Cat White Cat at Rotten Tomatoes
Категорија:Филмови од 1998 година Категорија:Српски филмови Категорија:Филмови на ромски јазик Категорија:Филмови на српски јазик Категорија:Филмови на бугарски јазик Категорија:Филмови на Емир Кустурица Категорија:Филмови со Бајрам Северџан Категорија:Филмови со Срѓан Тодоровиќ Категорија:Филмови со Бранка Катиќ Категорија:Филмови со Флоријан Ајдини Категорија:Филмови со Љубица Аџовиќ Категорија:Филмови со Забит Мемедов Категорија:Филмови со Сабри Сулејмани Категорија:Филмови со Јашар Дестани Категорија:Филмови со Стојан Сотиров Категорија:Филмови со Предраг Лаковиќ Категорија:Филмови со Предраг Манојловиќ Категорија:Филмови со Неле Карајилиќ