Друштвен танц е категорија на танци кои имаат општествена функција и контекст. Кај друштвените танци, учеството е главната цел, за разлика од перформативните танци каде учесниците настапуваат за публика. Карактеристично е што друштвените танци лесно може да се водат и следат. Дружењето (од таму и името) и забавата се во преден план кај друштвените танци, иако понекогаш тие имаат и церемонијални, натпреварувачки или еротски функции.

Многу западноевропски друштвени танци кои настанале во изминатите неколку века се партнерски танци, но овој формат е редок на други места. Постојат кружни и линијски танци, а нивните учесници може да бидат исклучително припадници на одредена возрасна, родова или друга општествена група.

Наводи

Категорија:Танц Категорија:Уметност