Назар () — име за амајлија во форма на око, која има за цел да заштитува од уроклив поглед. Потекнува од Турција, а целосното име значи: назар (урокливо око) и банџугу (амајлија).

Се среќава во Турција, Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Грција, Кипар, Сирија, Либан, Израел, Египет, Ерменија, Иран, Авганистан, Пакистан, Ирак, Алжир, Мароко, Тунис и другиnazar.

Име му е изведено од арапскиот збор nazara (арап. نظر), што значи поглед. Покрај потковиците, лукот, волчјите заби, животинскиот рог, оловото и камењата, кристалното сино око е еден од заштитните симболи во Тенгриз, античката религија на турските народи. Најчесто е поставено да виси во домовите, канцелариите, автомобилите или се поставува во накит и украсите. Типичниот Назар е изработен од рачно изработено стакло. Цртежите се во темна сина, бела, светлосина и црна боја, со што се создаваат концентрични кругови или вид на солзи во форма на елипсоидни форми. Понекогаш темносивата боја се заменува со златна.

Овој симбол се користи и на друго место, во вид на лого, како што е на пример турската приватна авиокомпанија Флај ер . Исто така, тој е симбол на Крајегин, основачот на производителот на игри Крајтек, основана од тројца браќа со турско потекло. Назаритскиот еквивалент кај семитските народи е хамса, додека кај христијанските е крстот.

Наводи

Надворешни врски http://www.ancientpages.com/2018/03/13/nazar-amulet-blue-color-wards-off-the-evil-eye-according-to-ancient-belief/ https://www.wemystic.com/nazar/

Категорија:Талисмани Категорија:Амајлии Категорија:Турцизми Категорија:Зборови што ги нема во ТРМЈ Категорија:Магиски симболи