Пинтија, наречено и Ќуприја — некропола од доцноантичко време. На 2 километри северозападно од средишниот дел на селото Драчево, во 1952 година, при подготовките на нивите за садење на лозја се откриени повеќе гробови и една гробница градена од римски надгробни споменици, Најдените прилози се чуваат во Музејот на Македонија во Скопје.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069 Поврзано Белчевица — некропола од римско време; Љубуш — старохристијански ротонди; и Тресалиште — осамен наод од доцноантичкото време.
Наводи