35 Лебед — спектроскопска двојна ѕвезда во соѕвездието Лебед, со привидна ѕвездена величина од 5.18. Ѕвездата е на растојание од , првичната ѕвезда е жолт суперџин од спектрален тип F6Ib, масивна ѕвезда која го согорела водородот во јадрото и денес согорува потешки елементи.

Жолтите суперџинови се вообичаено периодични ѕвезди, честопати припадници на кефеидите, но 35 Лебед е значајна по тоа што има невообичаено непроменлива сјајност.

35 Лебед е еднолиниска спектроскопска двојна ѕвезда со период од 2.440 денови (преку 6 години). Втората ѕвезда не може да се забележи директно, ниту пак може да се препознаат нејзините спектрални линии, но целокупниот спектар се поклопува со пар на F4 суперџин и помалку сјајна ѕвезда B6.5.

Наводи

Категорија:Лебед (соѕвездие) Лебед, 35 Категорија:Жолтобели суперџинови Категорија:Спектроскопски двојни ѕвезди Категорија:Ѕвезди од главната низа од типот B 7770 193370 BD+34 3967 100122