мини|Јорган Јорган () — прошиена дебела прекривка, наполнета со памук или со волна. Исто така може да бидат наполнети и со долно перје. Јорганите може да бидат декоративни и да служат како прекривки, но најчесто се користат како топли прекривки. Имаат широка примена кај Амишите, на Хаваи и во Индија.

Јорганите ги изработуваат јорганџии.

Историја Записите покажуваат дека најраните јоргани биле направени во Кина, околу 3000 година п.н.е. Во раниот среден век, јоргани од пердуви од ајдер (вид на патка) ги користеле луѓето од северниот брег на Норвешка. Викиншкиот брод Озеберг од 820 година од нашата ера содржел, меѓу другите работи, и пердувести јоргани. Во 15 век, пердувестите кревети (душеци) ги користеле богатите монарси во континентална Европа и во Англија, но не и нивните дворјани.

Јорганите од пердуви доцна се појавиле во Англија. Писателот и политичар Самуел Пипс спиел со пердувест јорган на 9 септември 1665 година кога бил на гости кај својот пријател, капетан Џорџ Кок, чија сопруга била од Данциг.

Јорганите станале популарни во светот кон крајот на 20 век.

Изглед и употреба Јорган, како и вреќата за спиење, може да биде исполнет со пердуви од различен квалитет, или со свила, волна, памук, вештачки влакна како што е полиестерска вата. Јорганите можат да се направат да бидат потопли од ќебињата без да станат тешки, а со тоа постелата станува поедноставна за местење, бидејќи не мора да се користат дополнителни ќебиња или други прекривки за креветот. Сепак, топлината што е потребна за различните сезони, може да се постигне само со употреба на јоргани со различна дебелина или различно полнење.

Самиот јорган може да се пере многу поретко, а во зависност од неговата содржина, може да е потребно специјализирано хемиско чистење. Така, човекот може да се покрие прво со нешто што лесно се пере, а одозгора да го постави јорганот. Иако е сосема можно да се користат горни чаршафи меѓу човекот и јорганот, вообичаена практика е да се користат специјално изработени навлаки за јорганот, обично од памук или мешавина од памук и полиестер.

Наводи

Поврзано Јорганџиски занает

Надворешни врски

Како се мести јорган, на bbc.co.uk

Категорија:Дом Категорија:Спиење Категорија:Турцизми