мини|десно|Реката Ебро низ Сарагоса со базиликата „Пресв. Богородица Столбна“ од десно. мини|десно|Поглед на планината Монкајо од Тарасона. Сарагоса () — покраина во северна Шпанија, сместена во средишниот дел на автономната заедница Арагон. Главен град на е Сарагоса, кој воедно е главен на целиот Арагон. Во покраината има уште неколку градови, иако сите тие се значително помали: Калатајуд, Ехеја де лос Кабаљерос и Тарасона, Ла Алмунија де Доња Година и Борха.

Со површина од , Сарагоса го зазема четвртото место во земјата. Има вкупно 954.811 жители (2018), од кои речиси три четвртини живеат во главниот град; оттука густината на населеност е релативно ниска — . Опфаќа 292 општини, од кои повеќе од половината се села со помалку од 300 жители.

Главен и службен јазик во покраината е шпанскиот, а каталонскиот се говори Долен Арагон-Каспе и Мекиненса.

Географија Покраината се граничи со Љеида, Тарагона, Теруел, Гвадалахара, Сорија, Ла Риоха, Навара и Уеска. Јужната и западната страна се протега Ибериските Планини, додека пак северните краеви допираат до подножјето на Пиринејското Подгорје (Претпиринеи). Најважна река е Ебро, која ја пресекува покраината во правец запад-исток.

Окрузи Сарагоса како покраина е поделена на 24 окрузи (комарки): Бр.Име Седиште5Синко Виљас Ехеја де лос Кабаљерос 12 Тарасона и Монјако Тарасона13 Кампо де Борха Борха14 Аранда Иљуека15 Рибера Алта дел Ебро Алагон16 Валдехалон Ла Алмунија де Доња Година17 Сарагоса Сарагоса18 Рибера Баха дел Ебро Кинто19 Долен Арагон-Каспе Каспе 20 Комунидад де Калатајуд Калатајуд21 Кампо де Карињена Карињена22 Кампо де Белчите Белчите24 Кампо де Дарока Дарока

Некои окрузи ѝ припаѓаат на покраината Уеска, но имаат извесни населени места во Сарагоса:

Долна Синка: Мекиненса Монегрос: Ла Алмолда, Бухаралос, Фарлете, Лесињена, Монегриљо и Пердигера Оја де Уеска: Муриљо де Гаљего и Санта Еулалија де Гаљего Хасетанија: Артједа, Мијанос, Салватјера де Еска и Сигвес

Поврзано Список на општини во Сарагоса

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Покраини во Арагон Категорија:Покраини во Шпанија