Социологија е наука за човечките општества."Comte, Auguste, A Dictionary of Sociology (3rd Ed), John Scott & Gordon Marshall (eds), Oxford University Press, 2005, ISBN 0-19-860986-8, ISBN 978-0-19-860986-5 Таа е општествена наука (што е и всушност нејзин неформален синоним) која користи разновидни методи на емпириско истражување и критичка анализа за развивање и обработување тело на знаење и теорија за човечката општествена дејност, често со цел да се примени таквото знаење за проследување на општествената благосостојба. Предметот на проучување се движи од микро ниво на агенси и интеракција до макро ниво на системи и општествени структури.Giddens, Anthony, Duneier, Mitchell, Applebaum, Richard. 2007. Introduction to Sociology. Sixth Edition. New York: W.W. Norton and Company

Социологијата е тематско и методолошки многу пространа дисциплина. Во нејзини традиционални фокуси спаѓаат, општествената стратификација (како класните релации), религијата, секуларизацијата, современоста, културата и девијацијата, а нејзините приоди вклучуваат квалитативни и квантитивни истражувачки техники. Многу од она што го прават луѓето спаѓа во рамките на категоријата на општествената структура и агенси, социологијата постепено го проширува својот фокус кон понатамошни субјекти, како медицинските, воените и казнените институции, интернетот, а дури и улогата на општествената активност во развојот на научното знаење. Опсегот на општествено научните методи во голема мера се има проширено. Лингвистичките и културните пресврти во средината на XX век довеле до повеќе толкувачки, херменевтички и филозофски пристапи кон анализа на општеството. Спротивно на тоа, последниве децении го сведочат порастот на нови математички и изчислителни ригорозни техники, како што е агентско моделирање и анализа на социјалната мрежа.

Историја Потекло мини|150п|лево|Огист Конт Општественото размислување му претходи на основањето на дисциплината. Општествената анализа води потекло од вообичаените сфери на западњачко знаење и филозофија и истата се врши најрано уште од пред времето на Платон. Потеклото на прегледот, односно збирката на информации од примерок на испитаници, може да се утврди дека датира уште од времето на книгата „Последниот суд“ од 1086 година, кога важни филозофи, како на пример, Конфуциј, пишувале за важноста на општествените улоги. Постојат податоци за најрана социологија во средновековниот ислам. Некои го сметаат Ибн Калдун, арапски стручњак (учено лице) по ислам од 14-иот век од северна Африка, за прв социолог; неговата книга Mugaddimah веројатно била првото дело кое ги унпредило општествено-научните размислувања за општествената кохезија и општествениот конфликт.

Зборот социологија потекнува од латинските зборови socius што значи „придружник“ и ology, „проучување на“, и од грчкиот збор logos, што значи „збор“ и „знаење“.Тој првпат е употребен како кованица во 1780 година од францускиот есеист Емануел-Јозеф Сијес (1748-1836) во еден необјавен ракопис. Подоцна социологијата беше дефинирана одделно од страна на францускиот научен филозоф Огист Конт (1798-1857), во 1838 година. Конт порано го имаше користено терминот „општествена физика“, кој подоцна беше користен и од други, особено од белгискиот статистичар Адолф Кетеле. Конт се обидел да ги соедини историјата, психологијата и економијата преку научно разбирање на „кралството“ на општественото. Пишувајќи непосредно по неспокојот доведен од Француската револуција, тој тврдел дека општествените проблеми би можеле да се санираат преку општествен позитивизам, еден епистемолошки (епистемологија: наука за спознанието) пристап изнесен во Правци во позитивната филозофија (1830-1842) и во Оптш преглед на позитивизмот (1848). Конт верувал дека фазата на позитивизмот ќе биде конечното доба, по претпоставените теолошки и метафизички фази, во напредувањето на човековото сфаќање. Во проучувањето на кружната зависност на теоријата и набљудувањето во науката, а и по извршено класифицирање на науките, Комт може да се смета за првиот научен филозоф во модерната смисла на зборот.

Комт изврши значително влијание врз развојот на социологијата, влијание кое донесе плодови во подоцнежните децении на XIX век. Тврдејќи го ова, секако не тврдиме дека француските социолози, како на пример, Диркем, биле посветени следбеници на високиот свештеник на позитивнизмот. Но, со самото инсистирање на неменливиот карактер на секоја од неговите науки, односно, неможноста тие да се сведат на некоја конкретна наука над сите науки, која е претпоставена во хиерархијата, како и со нагласување на природата на социологијата како научно проучување на општествените феномени, Конт ја стави социологијата на врвот на пиедесталот. За посигурни податоци, почетоците на социологијата можат да се померат уште поназад, пред Комт, сè Монтескје и Кондорсе, а да не зборуваме и за Сен Симон, непосредните претходници на Конт. Но, Комтовото очигледно прифаќање на социологијата како одделна наука, со свој сопствени особености, го оправда Диркем, кој го сметаше Конт како татко или основач на оваа наука, и покрај фактот дека Диркем не ја прифатил идејата на трите држави и го критикувал пристапот на Конт кон социологијата.

мини|170п|лево|Карл Маркс И Конт и Карл Маркс (1818 -1883) се нафатија да создадат научно оправдани системи на прагот на европската индустријализација и секуларизација, информирани од различните а клучни движења во филозофиите на историјата и науките. Маркс го отврли позитивизмот на Комт, но, во неговиот обид да создаде наука за општеството, тој сепак денес се прифаќа како основач на социологијата, бидејќи самиот збор носеше пошироко значење. Според Исаија Берлин, Маркс може да се смета за „вистински татко“ на модерната социологија, иако секој може да се бори за таа титула.

Давањето на јасни и унифицирани одговори со познати емпириски термини на оние теоретски прашања кои најмногу ги окупирале умовите на луѓето во тоа време и извлекувањето од нив на јасни практични изведени заклучоци, без создавањето на очигледно вештачки врски помеѓу овие два елементи, тоа било основното достигнување на Марксовата теорија. Социолошкиот третман на историски и морални проблеми, кои Конт, а по него и Спенсер и Тенис, ги имаат дискутирано и зацртано, стана една прецизна и конкретна студија само откако нападот врз милитантниот марксизам ги претвори нејзините заклучоци во горливи теми, со што ја направи потрагата по докази уште пожестока, а вниманието насочено кон методата уште посилно.

мини|150п|лево|Херберт Спенсер Херберт Спенсер (17 април 1820 - 8 декември 1903) бил еден од најпопуларните и највлијателни социолози од 19-иот век. Проценето е дека тој продал еден милион книги во текот на својот животен век, далеку повеќе од кој било друг социолог во неговото време. Неговото влијание било толку силно што голем број на други мислители од 19-иот век, вклучувајќи го и Емил Диркем, ги дефинирале своите идеи во однос на него. Дуркхамовата струја наречена Трудот во општеството е во значителна мера една проширена дебата со Спенсер од чија социологија, многу коментатори сега се согласни, Диркем значително многу позајмувал. Бидејќи бил и познат биолог, Спенсер ја создал кованицата „преживување на најдобрите“.Додека марксистичките идеи го дефинирале едно од гледиштата на социологијата, Спенсер бил критичар на социјализмот како и силен агитатор за стил на владеење од типот „пушти ги да прават што ќе прават“.Неговите идеи беа значително проучувани од страна на конзервативните политички кругови, особено во САД и во Англија. Основите на академската дисциплина

мини|150п|лево|Емил Диркем Формалната академска социологија ја основа Емил Диркем (1858 - 1917), кој го разви позитивизмот како основа за практично проучување на општеството. Диркем ја основа правата европска катедра за социологија во универзитетот во Бордо во 1895 година, со објавување на неговото дело Правилата на социолошката метода. Во 1896 година тој го започна журналот Социолошка година. Антолошката монографија на Диркем Самоубиство (1897), проучување на стапката на самоубиства меѓу римските католици, еврејската и протестантската популација, ја оддели социолошката анализа од психологијата или филозофијата. Таа исто така претставуваше значителен придонес кон теоретскиот концепт на структуралниот функционализам. Тој се обиде да ги примени социолошките наоди во потрагата по политичка реформа и општествена солидарност. Според Диркем, социологијата би можела да се опише како „наука на институции, нивната генеза и нивно фунцкионирање“.

Првиот факултетски предмет под име „Социологија“ го предаваше во САД на Јеил универзитетот во 1875 година Вилијам Греам Самнер. Во 1883 година Лестер Ф. Ворд, првиот претседател на Американското социолошко здружение, го објави делото Динамична социологија - или применета општествена наука заснована врз статичката социологија и поедноставните науки, со што ја нападна социологијата на „пушти ги да прават што ќе прават“ на Херберт Спенсер и Самнер. Вордовата книга од 1 200 страници беше употребена како базичен материјал на многу од првичните предавања за социологијата во Америка. Во 1890 година започна најстариот, до денес постоечки, курс (предмет) во модерната традиција, на универзитетот во Канзас, кој го предаваше Френк В. Блекмар. Катедрата за социологија на универзитетот во Чикаго беше основана во 1892 година од Албион Смол. Џорџ Херберт Мид и Чарлс Кули, кои се запознаа на универзитетот во Мичиген во 1891 година (заедно со Џон Дјуи), се преселија во Чикаго во 1894 година. Нивното влијание доведе до појавата на социјалната психологија и симболичниот интеракционизам на модерната чикашка школа. Американски социолошки журнал беше првпат издаден во 1895 година, и беше следен од Американско социолошко друштво (АСД) основано во 1905 година. Социолошкиот „канон на класиците“, предводен од Диркем и Макс Вебер, му должи делумно и на Талкот Парсонс, на кој му се припишува и запознавањето на американската јавност со нив двајцата (Диркем и Вебер). Парсонс ја консолидираше социолошката традиција и ја утврди агендата за американската социологија во мигот кога таа имаше најголем подем во полето на дисциплините. Социологијата во Соединетите Држави беше историски помалку под влијание на марксизмот отколку истата во Европа, и до ден денес таа претежно останува постатична во својот пристап.

мини|160п|десно|Писта на Фердинанд Тоние во Хузум, Германија