Ѓорѓи Николов Делчев, попознат како Гоце Делчев (, - Баница, ) — македонски национален херој, учесник во македонското револуционерно движење, деец на Македонската револуционерна организација, апостол и срцето на револуционерна Македонија,Евтим Спространов. Дневник, Т.I (1901-1907), Предговор Александър Гребенаров, Съставители: Гребенаров, Ал., Милкана Бошнакова, Георги Царев. С. 1994 идеолог, организатор и водач на македонското револуционерно националноослободително движење кон крајот на XIX и почетокот на XX век.Димитар Димески, Македонското национално движење во Битолскиот Вилает (1893-1903), II издание, Скопје, 1982 Во Бугарија исто така му оддаваат почит на Делчев како национален херој.
Се школувал во Кукуш, каде што завршил прогимназиско образование (1879– 1887), во Солун, во Солунската машка гимназија „Св. Кирил и Методиј“ каде што раководел таен ученички револуционерен кружок, и во Софија во Военото училиште (1891–1894). Се вратил во Македонија (1894) и во Штип бил учител во Ново Село.
Тука се сретнал со Даме Груев и се вклучил во раководењето на Македонска револуционерна организација. Тој ја проширил мрежата на Организацијата (пролетта 1895 г.) и преку Виница организирал тајни канали. Во Солун учествувал на советувањето со водечките личности на Организацијата: Даме Груев, Пере Тошев и др. за заземање став кон Македонскиот комитет основан во Софија. Во септември бил назначен за директор на училиштето во Штип. Пред крајот на декември 1895 г. Делчев ополномоштен од ЦК на МРО, отпатувал во Софија на разговори со Македонскиот комитет и неговиот придонес кон македонското дело, меѓутоа разговорите биле неуспешни. Организирал пунктови на МРО во Ќустендил и во Дупница (во почетокот на 1896), а во февруари во Штип организирал протестна демонстрација против власта.
Учествувал на Солунскиот конгрес на кој била усвоена нова идеологија и стратегија во дејствувањето. Со Ѓорче Петров ги изработиле новиот Устав и Правилник на Организацијата.
Во текот на Доневата афера поради недостаток на докази бил ослободен, меѓутоа во мај повторно бил уапсен и спроведен во Скопје каде што бил затворен во Куршумли-ан, но повторно бил ослободен. Сепак аферата го свртела вниманието на турските власти кон Делчев. Во септември бил назначен за главен учител (директор) во Банско од каде што ја продолжил дејноста за ширење на мрежата на Револуционерната организација. Се откажал од учителската должност и целосно се посветил на македонското ослободително дело. Ја презел должноста на задграничен претставник на МРО во Софија. Со писмо до католичкиот надбискуп во Пловдив, Менини на Ватикан му ја претставил целта на македонската борба: да се исправи неправедното решение на Берлинскиот конгрес за Македонија и за добивање полна политичка автономија.
По Солунската афера, Делчев и Ѓорче Петров, како задгранични претставници, ги презеле надлежностите на Централниот комитет. По добиеното известување за апсењето на членовите на ЦК во Солун, со Ѓорче Петров во средината на март издале инструктивно писмо до окружните, до околиските и до селските комитети, како и до војводите на четите, за продолжување на дејствувањето според постојната програма.
Делчев бил посветен на функционирањето на тајните канали, курирската служба, тајната пошта, обезбедувањето материјални средства и снабдувањето на Организацијата со оружје, со муниција, со револуционерна литература и со весници. Организирал производство на бомби и експлозиви во с. Саблер (Ќустендилско), Бургас, Пловдив, а потоа и на Св. Гора (меѓу Зографскиот манастир и Хиландар). Тој е основач на Четничкиот институт и творец и воспитувач на првите организациско-агитациони чети и војводи. Заедно со Ѓорче Петров изработиле Правилник за четите. Со формирањето на селската милиција била доградена четничката организација, која непосредно ја раководел Делчев, со статус на главен ревизор. Револуционерната организација ја презела на дело судската и извршната власт. Дејствувала тајна македонска држава во Османлиското Царство.
За зацврстување на редовите во Организацијата Делчев извршил неколку инструктивни обиколки. Во зимата на 1900 година тој ги обиколил комитетите во Одринско, со цел подобра координација меѓу македонските и тракиските револуционери. Од август 1901 до март 1902 година Делчев ги обиколил и комитетите во централниот и во западниот дел од Македонија. Тој исто така го предводел конгресот на Одринскиот револуционерен округ одржан во Пловдив, во април 1902 година, а потоа Делчев презел обиколка и во централните Родопи. На крајот од септември жестоко го осудил Горноџумајското востание. Делчев го отфрлил решението на Солунскиот конгрес од 1903 година за кревање востание и со чета заминал во внатрешноста на Македонија со раководните кадри да издејствува повлекување на решението за масовно востание. Во април, во Солун се сретнал со Даме Груев, којштотуку се вратил од заточение, двајцата се договориле востанието да се води со засилени четнички дејствија и терористички акции.
Од Солун се упатил за Серско на закажаниот конгрес на Серскиот револуционерен округ. Пристигнал во селото Баница, Серско на 3 мај. Војската го опколила селото и во борбата утрото загинал Делчев, бескомпромисниот борец за самостојна македонска држава.
Потекло
Кукуш
Кукуш се наоѓа 35 километри северно од Солун. Тој е расположен на една ридеста месност, која на североисток се слева со Круша Планина (Карадаг) и е сред една од најбогатите рамнини во Македонија. Го опфаќа пространството во југозападниот правец на Долновардарската низина, во подножјето на не толку високиот рид Свети Ѓорѓија, заштитник на Кукуш. Во последната деценија на XIX век, градот имал 12.000 жители, односно 2.000 македонски куќи и 200 турски .
Градот бил основан како вакафско село, меѓутоа постепено ја менувал својата народносна структура и станал типична македонска средина, во која се создале услови за развој на македонската просвета и култура. Градот одиграл голема улога во текот на македонското преродбеничко движење во средината на XIXвек. Во Кукуш излезот за македонската национална самобитност бил побаран преку Унија со римокатоличката црква . Во него работеле истакнати македонски преродбеници: Димитрија Миладинов, Рајко Жинзифов, Партенија Зографски и Кузман Шапкарев. Поради својата пробуденост Кукуш бил наречен Политичко гнездо , а градот бил овековечен во незаборавната Т'га за југ од Константин Миладинов Димитар Димески, Гоце Делчев, Битола, 1990. Културно-политичката атмосфера која била создадена во родното место на Гоце Делчев, благотворно повлијаела врз изградувањето на идниот организатор на македонското национално-ослободително движење .
Делчеви
мини|лево|150п|Султана Нурџиева Делчева
Никола Делчев, таткото на Гоце, потекнувал од еснафско семејство, а и самиот тој бил еснаф. Неговиот неподвижен имот се состоел од куќа, дуќан, околу шест декари лозја, од кои сам правел вино и ракија, околу осум декари ниви близу до Кукуш. Никола држел крчма на житниот пазар во Кукуш, а на пазарниот ден (четврток) станувал и гостилничар. Никола Делчев водел трговија со жито и имал мандра од неколку стотини овци (околу 600-700).
Гоце Имов, пријател на Гоце Делчев, во своите Спомени Гоце Имов, Един спомен за Гоце Делчев, Гоцев лист I/1, 1933, истакнал дека неговиот татко и таткото на Гоце се занимавале со трговија на овци, кои ги купувале напролет и ги продавале есента кај трговци дојдени од Цариград или Анадолија. Кога немало трговци на жива стока, неа ја колеле и ја солеле за пастрма, а потоа ја испраќале за Драма, Кавала, Сер и Солун. Во културно-општествениот живот на Кукуш, Никола активно учествувал. Никола бил строг и правичен, оттаму неговиот патријархален однос не создал инфериорни личности од неговите деца. Напротив, сите тие израснале во самосвесни и слободољубиви индивидуи Христо Андонов - Полјански, Гоце Делчев и неговото време, Култура, Скопје, 1978.
Мајката на Гоце, Султана, е родена околу 1845-1850 година во селото Морарци (Мурарци), Кукушко. Ова село било едно од најголемите села и заедно со Кукуш стоело на чело на борбата против Цариградската патријаршија. Во селото бил познат родот на Јанев Нуриџиев, од кој потекнувала мајката на Гоце. За нејзиното потекло не се знае ништо повеќе. Султана била убава и скромна мома. Таа со Никола Делчев имале пет ќерки (Руша, Цоца, Тина, Лика и Елена) и четири сина (Гоце, Мицо, Милан и Христо) Юрукова Лика Чопова, Спомени за семейството на Гоце Делчев, Септември VI (1953). Ѓорѓи (Гоце) Делчев е роден на 23 јануари, стар стил, односно на 4 февруари по нов стил, 1872 година во Кукуш.
Ѓорѓи Делчев од својата мајка Султана, бил нагалено наречен Гоце, име кое било често во Кукуш. Името Гоце е галовен облик од името Ѓорѓи, а тоа е резултат од широкото распространето словенизирање на старите, од туѓ корен, христијански лични имиња. Во политичката терминологија на македонската револуционерна борба, името Гоце станало синоним на храброст и чесност. Затоа и е речено дека: Гоце! Секој Македонец би сакал да ја отвори книгата на тој живот. Крум Христов, Гоце Делчев, София, 1955.
Детски години
лево|мини|150п|Никола Делчев Гоце половина од својот живот го поминал во Кукуш. Тоа е првата фаза што го опфаќа неговото детство. Гоце рано пројавил позитивни карактерни особини. Тој уште како петгодишник, при една меѓусебна расправа на родителите, вербално се обидел да ја заштити својата мајка Султана, притоа покажал завидна храброст пред неговиот татко. Уште од тогаш кај Гоце се развило чувството за заштита на послабите и потчинетите .
Најраните години Гоце, сè до неговото заминување на училиште, минале низ еден период на немирни години. Кукушани и понатаму ја воделе борбата против Цариградската патријаршија.
Кукушани во февруари 1874 година одново минале кон унија со Римокатоличката црква (II Бугарска Унија) Bulgaria, Oxford history of modern Europe, R. J. Crampton, Oxford University Press, 2007, ISBN 0198205147, p. 74-77. со што започнало во Кукуш и во околијата повторно да се шири унијатското влијание. Причината за вториот премин кон унијата е лошото однесување на грчкото духовништво кон населението Туше Влахов, Възраждането в г. Кукуш, Исторически преглед XVI/6, 1960. Од 1875 година како нов фактор во Кукуш започнала да се наметнува Бугарската егзархија, меѓутоа таа не успеала да се зацврсти во Кукуш, а според германскиот истражувач Р. Мах, Егзархијата во градот била официјално претставена но немала свој владика R. Mach, The Bulgarian Exarchate, Its History and Extent of its Autority in Turky, London, 1907.
Во периодот помеѓу 1874 - 1879 година се случиле повеќе значајни настани. Во мај 1874 година во Кукуш бил празнуван празникот на браќата Св. Кирил и Методиј, а веќе почнале да се јавуваат и личности со револуционерен дух. Иван Хаџи Николов во своите спомени истакнува дека на поттик на босанското востание од септември 1875 година, почнал да размислува: Како ние од Кукуш можеме да востанеме, и најпосле дојдов до јасна претстава за она што треба да правам, а имено, дека треба да се основе револуционерна организација која да го подготви населението на востание . Подвигот бил неуспешен, меѓутоа Кукушани веќе биле револуционерно настроени и раздвижени. Во текот на Кресненското востание, од Кукуш и неговата околина имало неколку души на доброволци. Тие се сретнуваат во списокот на Македонскиот востанички комитет , како и во петтата четата на Ѓорѓија Пулевски. Во таква револуционерна раздвиженост на кукушани минувале детските години на Гоце.
Образование Прогимназија
мини|лево|150п|Христо Бучков200п|мини|Ракопис на Гоце Делчев Во учебната 1878/1879 година Гоце во прво одделение на прогимназијата во Кукуш. Најпрво бил во унијатското, а потоа се префрлил во егзархиското училиште. Тој бил примерен ученик, внимателен и желен за знаење. Покрај учењето, Гоце му помагал на својот татко во работата, а од него се научил на самодисциплина. Тој не ги одбегнувал секојдневните детски игри. Според едно сведоштво: