Спојница или спојник — направа која се користи за држење на листови хартија заедно, обично изработени од челична жица свиткана во облик на јамка. Повеќето спојници за хартија се варијации на типот GEM, кој е воведен во 1890-те или порано, се одликува со речиси со две полни петелки направени од жицата. Заедничко за спојниците за хартија е нивното искористување на извитканоста (торзија) и еластичноста во жицата , и триењето помеѓу жицата и хартијата .кога умерен број на листови се вметнува помеѓу двата „јазици“ на спојницата, јазиците ќе бидаат раздвоени и ќе предизвикат торзија во кривината на жицата за да ги зафатат листовите заедно.

Наводи

Надворешни врски

History of the Paper Clip Paper Clips (2004) on IMDb Patents —Paper clip—E. P. Bugge

Категорија:Канцелариски материјали Категорија:Американски пронајдоци Категорија:Прицврстувачи