Сили (корнски јазик: Syllan, или Enesek Syllan) — архипелаг кој се наоѓа северозападно од Корнвол. Островот Сент Агнес од архипелагот е најјужната точка и на Англија и на Обединетото Кралство, а е оддалечен 6,4 км појужно од најјужната точка Лизард Поинт на британското тло. Островите Сили се архипелаг од 145 острови во Келтското Море, оддалечени 45 км од Корнвол.

Според пописот од 2011 година, бројот на жителите е 2203. Островите Сили се дел од церемонијалната грофовија на Корнвол, а дел од услугите се поделени со Корнвол. Сепак, од 1890 година, островите имаат одвоена локална управа.

Придавката „силијански“ понекогаш се употребува за луѓе и предмети поврзани со островите. Војводството Корнвол поседува најголем дел од земјата на островите. Туризмот е главен дел од стопанството, а покрај тоа има и земјоделство каде е најразвиено производството на режано цвеќе. мини|262x262пкс|Местоположба на Островите Сили во однос на Велика Британија мини|261x261пкс|Поглед на Островите Сили од Меѓународната вселенска станица

Историја

Рана историја Овие острови можеби одговараат на островите Кастериди („Калајни Острови“) кои Феникијците ги посетиле, а биле споменати и од Старите Грци. Иако им го дале името „Калајни Острови“, на архипелагот нема калај.

Веројатно до поново време островите биле поголеми и веројатно правеле еден остров наречен Енор. Подигањето на морското ниво и поплавувањето на централните рамнини околу 400-500 година, ги формирало сегашните 145 острови и помали островчиња. Зборот „Енор“ е скратеница од старокорнскиот збор Ен Ноер (Моер мутирало во Ноер) што значи „земја“ или „голем остров“.

Докази дека порано постоел еден поголем остров се:

Опис напишан во римско време каде името Сили „Scillonia insula“ е именка во еднина што укажува дека имало или еден остров или дека едниот остров бил многу поголем од сите други. Биле пронајдени остатоци од праисториски фарми во Норнур, кои се наоѓаат на мали карпести гребени, кои се премногу мали за земјоделство. На островите имало населби од железно време кои продолжиле да постојат и во римскиот период. Овие заедници биле формирани веројатно од мигранти од британското тло, најверојатно од Венетите, кои биле активни во трговијата со калај, кој потекнувал од рудниците во Корнвол и Девон. За време на осеката морето станува толку плитко што луѓето може пешки да одат помеѓу некои острови. Ова е можеби и причина за постоење на легенда за потонатата земја, како што е приказната за митската земја Лајонес од приказните за кралот Артур. Древните полски меѓи сѐ уште се видливи под морската површина кај некои од островите, како на пример, кај денес ненаселениот остров Самсон. Некои имиња на местата на старокорнски јазик јасно покажуваат некогашен брег и порамешни земјени површини. Цела јужна Англија постепено тоне спротивно од постглацијалното издигнување на Шкотска, а тоа е причина за појава на ријас – залив кој настанува со потопување на речните долини на јужниот корнски брег. Пример е реката Фал и Тејмарскиот слив.

Островите Сили се препознаени како место на прогонство на двајца еретички епископи од 4 век, Инстантиус и Тиберианус, кои и двајцата биле следбеници на присцилијанството.

Викиншки и нормански период мини|Олаф I Тригвасон ги посетил Островите Сили во 986 година. Тамошната средба со свештеник го поттикнало да ја христијанизира Норвешка.|алт=|261x261пкс мини|За време на владеењето на Кнут Велики, Островите Сили, Корнвол и Велс не биле под власта на Кралството Англија.|алт=|253x253пкс Во 995 година, Олаф Тригвасон станал крал на Норвешка, Олаф I Норвешки. Роден околу 960 година, Олаф ограбувал разни европски градови и водел неколку војни. Во 986 година, тој веројатно сретнал христијански свештеник на Сили Островите. Свештеникот веројатно бил следбеник на присцилијаните, кои биле мала христијанска заедница прогонета од Шпанија за време на владеењето на императорот Магнус Клемент Максимус поради ерес.

По освојувањето од страна на Норманите, Сили Островите дошле под централизирана власт. По околу 20 години, била спроведена поделба на земјата меѓу кралот и нормандиските феудалци, што било запишано во Книгата на страшниот суд (англ. Doomsday Book). Според книгата островите станале дел од „Ексетер кругот“ во кој биле вклучени и Корнвол, Девон, Дорсет, Самерсет и Вилтшир.

Во средината на 12 век, наводно се случил викиншки напад на Островите Сили, кои Викинзите ги нарекувале Силингар, настан кој бил запишан во викиншкиот еп „Orkneyinga saga“. Во записот викингот Свејн Аслејвсон, пловејќи јужно од Ирска на островите Силингар ограбил монаси.

Се смета дека Корнвол заедно со островите дошле под власт на англиската круна за време на владеењето на англосаксонскиот крал Етелстан Сјајниот (924 – 939 г.). Кралот Хенри I (1100 – 1135 г.) ги приклучил островите кон опатијата Тависток, која подоцна, за време на Англиската реформација, била аболицирана.

Доцен среден век и ран модерен период мини|Во почетокот на 19 век, Островите Сили биле дел од „Стотиците на Корнвол“ (англ. Hundreds of Cornwall)|алт=|252x252пкс мини|Островите Сили: мапа на Џон Бартоломеј (1874 г.)|алт=|249x249пкс Во доцниот среден век, имало неколку записи во кои се спомнуваат Островите Сили. Во 14 век, во петицијата за помош до кралот од страна на опатијата и манастирот Тависток, меѓу другите места се спомненуваат и Островите Сили. Исто така, во петицијата на Вилијам л’Поер, напишана во 1305 година до кралот, стоела неговата загриженост за бродоломите на Островите Сили, со нивниот список.

За време на Англиската граѓанска војна, во средината на 17 век, меѓу кралот Чарлс I и парламентарците, парламентарците го зазеле островот, но по бунтот на тамошниот гарнизон ги вратиле островите на ројалистите. Во 1651 година, гувернерот Сер Џон Гренвил, кој бил ројалист, ги користел островите за гусарки напади на бродови од Комонвелт и од Холандија. Холандскиот адмирал Мартен Тромп, кој пловел кон островите, кога пристигнал на 30 мај 1651 година, барал исплата на оштета. Бидејќи не ја добил ниту оштетата ниту пак задоволителен одговор, тој ѝ објавил војна на Англија во јуни истата година. Оваа војна, во која не бил испукан ниту еден куршум, во историјата е позната како Тристатриесет и пет годишната војна меѓу Холандија и Островите Сили.

Во јуни 1651 година, адмиралот Роберт Блејк ги зазел островите од парламентарците.

Во текот на ноќта на 22 октомври 1707 година, на Островите Сили се случила една од најтешките поморски несреќи во британската историја, кога од флотата од 21 кралски поморски бродови, кои се движеле од Гибралтар кон Портсмут, шест од нив претрпеле бродолом на гребените од островите. Во бродоломите загинале најмалку 1450 морнари, заедно со заповедничкиот адмирал Сер Клодслеј Шовел.

Постојат записи за потоп предизвикан од цунами по земјотресот во Лисабон, во 1755 година.

Островите биле напаѓани и од берберски пирати, кои месното население го продавале како робови на берберскиот пазар.

Гувернери на Островите Сили Прв гувернер на Островите Сили бил Томас Годолфин, чиј син Френсис добил закуп на островите во 1568 година. Тие биле Гувернери на Сили, и Годолфините и нивните роднини Озборн ја држеле оваа позиција до 1834 година. Во 1834 година, Август Џон Смит го купил закупот од војводството за 20.000 фунти. Смит ја создал титулата Лорд сопственик на Сили Островите за самиот себе, и многу од неговите постапки биле непопуларни. Закупот останал во неговото семејство сѐ додека не истекол за повеќето од островите во 1920 година, кога сопственоста повторно се вратила на војводството Корнвол. Денес, имотот Дориен-Смит сè уште го задржува закупот за островот Треско.

1568-1608 г. Сер Френсис Годолфин (1540-1608 г.) 1608-1613 г. Сер Вилијам Годолфин од Годолфин (1567-1613 г.) 1613-1636 г. Вилијам Годолфин (1611-1636 г.) 1636-1643 г. Сидни Годолфин (1610-1643 г.) 1643-1646 г. Сер Френсис Годолфин од Годолфин (1605-1647 г.) 1647-1648 г. Ентони Булер (парламентарец) 1649-1651 г. Сер Џон Гренвил (ројалист) 1651-1660 г. Џозеф Ханкин (Парламентарен надзорник) 1660-1667 г. Сер Френсис Годолфин од Годолфин (1605-1667 г.) (вратен на функција) 1667-1700 г. Сидни Годолфин, Прв Ерл Годолфин (1645-1712 г.) 1700-1732 г. Сидни Годолфин (1652-1732 г.) 1733-1766 г. Френсис Годолфин, Втор Ерл од Годолфин (1678-1766 г.) 1766-1785 г. Френсис Годолфин, Втор Барон Годолфин (1706-1785 г.) 1785-1799 г. Френсис Озборн, Петти војвода од Лидс (1751-1799 г.) 1799-1831 г. Џорџ Озборн, Шести војвода од Лидс (1775-1838 г.) 1834-1872 г. Август Џон Смит (1804-1872 г.) 1872-1918 г. Томас Алгернон Смит-Дориен-Смит (1846-1918 г.) 1918-1920 г. Артур Алгернон Дориен-Смит (1876-1955 г.)

Географија мини|Местоположба на Сили Островите (заокружена)|алт=|398x398пкс мини|Петте одделенија (кои исто така се и цивилни парохии) на Островите Сили; црвено е Сент Агнес, сино е Бриер, портокалово е Треско, зелено е Сент Мартин, а сиво е Сент Мери.|алт=|238x238пкс Островите Сили се архипелаг од пет населени острови (шестиот Гаг се брои одвоено од островот Сент Агнес) и голем број на мали гребенести, ненаселени островчиња, околу 140, а се наоѓаат на 45 км оддалеченост од копното.

Местополжбата на островите е причина за големи контрасти: поволниот ефект на морето, особено поради влијанието на Голфската струја, придонесува да климата е умерена, со ретки врнежи од снег и мразови, што им овозможува на локалните фармери да одгледуваат многу повеќе цвеќе отколку на копното. Се садат режани цвеќина, главно нарциси. Изложеноста на атлантските ветрови, посебно за време на јаките зимски бури, прави да северните делови на островите имаат карпест пејзаж.

Оваа табела дава преглед на најважните острови: ОстровНаселение(Попис 2001 г.)Површина (км2)ГустинаГлавна населбаСент Мери1,6666.58  253.2Хју ТаунТреско1802.97  60.6Њу ГримзбиСент Мартин (со Вајт Ајланд)1422.37  60Хајер ТаунСент Агнес (со Гаг)731.48  49.3Мидл ТаунБриер (со Гвил)921.32  70Да ТаунСамсон -(1)0.38 - Анет –0.21 - Сент Хелен –0.20 - Теан –0.16 - Грејт Ганили –0.13 - останати 45 островчиња –0.57 - Острови Сили2,15316.37Хју Таун Островите Сили во 1975 година биле прогласени за регија на природни убавини. Ова прогласување важи за целиот архипелаг и во него се вклучени и населените острови и малите гребенести островчиња и карпи кои се и најмали во Велика Британија. Островите се познати по својата разновидна фауна, а посебно поради бројноста и разновидноста на популацијата на птици.

Овие острови се посебно познати меѓу љубителите на птиците, кои можат овде да ги набљудуваат ретките птици од сите делови на планетата. Месецот октомври е пикот кога овде можат да се сретнат некои од најретките видови на птици во Европа.

Плима и осека Разликата меѓу плимата и осеката на Островите Сили е мошне изразена и изнесува 5,99 метри на островот Сент Мери. Во меѓуостровските делови, морето е поплитко, особено во текот на пролетта, кога осеката прави повлекување на морето, кое овозможува премин меѓу некои острови пешки. При изразена осека, многу од северните острови можат да се достигнат од Треско, вклучувајќи ги тука Бриер, Самсон и Сент Мартин. Од Сент Мартинскиот Вајт Ајланд може пешки да се оди до Литл Ганили и Грејт Артур. Патот меѓу Сент Мери и Треско при осека е обично слабо поплавен, но при екстремно ниски осеки, што ретко се случува, овој пат е сув.

Клима