Патагониска Пустина, позната и како Патагониски Степи, Магеланиски Степи или Вонандска Патагонија — најголема пустина во Аргентина и осма најголема пустина во светот со вкупна површина од 673,000 км2. Патагонската пустина е дел од регионот Патагонија. Пустината претежно се наоѓа во Аргентина, а мал дел е и на територијата на Чиле. На запад пустината граничи со Андите а на исток излегува на Атлантскиот Океан. Северниот дел од пустината постепено преминува во регионите Кујо и Пампас. Во централните делови на пистината има ниски грмушести растенија, а во западните делови има поголема влага и има присуство на трева..The Physical Geography of Patagonia and Tierra del Fuego. Andrea M. J. Coronato, Fernando Coronato, Elizabeth Mazzoni and Mirian Vazquez
Наводи
Литература
Категорија:Патагонија Категорија:Пустини во Аргентина Категорија:Пустини во Чиле Категорија:Екорегиони во Чиле