Полк за специјални операции — поранешна единица во структурата на Армијата на Македонија. Мисијата на полкот била да обезбеди организирани, обучени и опремени единици за изведување на специјални, високоризични и специфични операции во сите временски и земјишни услови. Истиот бил составен од Баталјон за специјални намени и Ренџерски баталјон, како најелитно тело во структурата на АРМ. По реорганизацијата на армиските структури во 2019, Баталјонот на специјални сили е подреден на Командата за операции.

Историја Самиот полк како тело првпат е формиран по воениот конфликт како Команда за специјални операции во чиј состав влегува и тогаш Единицата за специјални намени како нејзин одред, но ваквото тело е расформирано во 2003 година. Денешниот статус на Полк за специјални операции го добива во 2006 година и од тогаш до денес во нејзината структура се Баталјонот за специјални намени и Ренџерскиот баталјон, заедно со основните тела Штабна чета и Чета за логистичка поддршка.

По повод 20-годишнината од основањето на АРМ, Претседателот на Македонија, Ѓорѓе Иванов во 2012 година го одликувал Полкот за специјални операции со Орден за воени заслуги, високо воено одличје кое се доделува за храброст и истакната служба на воен план, иако бСН уште од 2005 година е одликуван со ова одличје.

Наводи

Надворешни врски Полк за специјални операции , официјално мрежно место на АРМ