Фиќа и Феѓа/Финеас и Ферб (англиски: Phineas and Ferb) — американски цртан филм. Првпат е прикажа во 2007 година на Дизни канал. Снимени се 4 сезони од цртананиот филм. Има вкупно 222 епизоди. Во Србија цртаниот се емитувал синхронизиран на српски јазик на РТС 1 и во Македонија цртаниот се емитувал синхронизиран на македонски јазик на МРТ 1. Ја работело студиото Лаудворкс. Цртаниот е на Дизни канал емитуван на англиски јазик и без титлови, а на каналот Дизни XD исто така на англиски јазик, но титлован на српски, под името Финеас и Ферб.

Случувања Цртаниот филм ги прати Финеас и Ферб во текот на летниот распуст. Секој ден момчињата смислуваат некој голем проект кој ја нервира нивната сестра Кендес (анг.:Candace). Таа се труди да им ги упропасти плановите. Финеас и Ферб успеваат да ги тргнат трагите на нивниот проект пред сестрата да ги издаде на мајка им. Тоа Кендес ужасно ја нервира.

Ликови Главни ликови Главни ликови во цртаниот филм се: Фиќа Флин, Феѓа Флечер, Слаѓана Флин, Пајa Клунар и Др Дуфеншмрц

Македонски ликови

Финејас Флин Ферб Флетчер Кендес Флин Пери на Платипус Мајко/Линда Флин-Флетчер Тата/Лоренц Флетчер Доктор Дуфеншмрцовски Бјуфорд Ван-Стом Балџит Џиндер Исабела Гарсија-Шапиро Џереми Џонсон

Финеас Флин 300px|мини|десно|Финеас Флин Финеас Флин е полубрат на Ферб, а брат на Кендес. Тој е момче полно со големи идеи. Денот му успевал само ако е полн со новотарии и авантури. Во скоро секоја епизод, Финеас кашува: "Еј Ферб, знам денес што ќе правиме." (на англиски: "Hey Ferb, I know what we're gonna do today."), па потоа: "Еј, каде е Пери?" (на англиски: "Hey, where's Perry?").

Ферб Флетчер 100px|мини|лево|Ферб Флетчер Ферб Флетчер е полубрат на Финејас и Кендес. Доселеник од Соединето Кралевство, момче од акција и супер-паметно момче. Тој повеќе сака да мисли, него да зборува, а кога тој проговори сите го слушаат.

Кендес Флин Кендес Флин е постарата сестра на Финејаса и постара полусестра на Фербу. Има петнаесет години. Тинејџерка е која за нив и нивните новотарии е права напаст и има неодолива потреба да ги издава на мајка им. Инаку е драга затоа што е плаѓлива, нервозна и брблива. Заљубена е во Џереми, што ја сочинува понежната страна на нејзината природа.

Пери на Платипус Пери на Платипус (и неговиот Алтер-его Шпион Пери) е нивното куќно милениче кој се трансформира во супер Шпион Пери кој ја чува Приградската територија од лошото на Доктор Дуфеншмрцовски.

Доктор Дуфеншмрцовски Доктор Дуфеншмрцовски е луд научник, повеќе ексцентрик отколку што е навистина лош, шеф е на институтот за Злологија.

Улоги Даница Тодоровиќ Марија Дакиќ Андријана Оливериќ Александра Ширкиќ Марко Мрѓеновиќ Владан Милиќ

Македонски улоги

Финејас - Игор Балабалов Ферб - Сашо Мацановски-Трендо Кендес - Сирмона Мирчевска Мајко - Ирена Белул Тата - Мики Анчевски Бјуфорд - Валентин Манасиевски Балџит - Соња Стамболџиоска Исабела - Дамјан Ипиќ Доктор Дуфеншмрцовски - Самоил Стојановски Џереми - Аце Бонански

Наводи

Категорија:Цртан филм