Црква „Св. Петка“ — главна селска црква во битолското село Нижеполе, Македонија.

Местоположба

Црквата е гробишен храм, сместен во средишниот дел на селото. Спроти патот и спроти црквата се наоѓаат селските гробишта.

До црквата води асфалтен пат.

Историја

Црквата потекнува од век.

Градењето на црквата било извршено во периодот 1835-1838, додека камбанаријата била подигната во 1888 година. Sвоното било излиено во Јанина во 1895 година.

Архитектура

Големината на црквата јасно ја покажува некогашната големина на селото и стопанската моќ на населението.

Основата на црквата е трикорабна и има галерии (припрати) на три страни, запад, север и југ.

Градбата на црквата е во задоволителна состојба, иако се соочува со подземна влага на ободните ѕидови на тремовите (на западен и северен трем).

Фрескоживопис

Црквата е живописана кон крајот на и почетокот на век. Живописот е во многу лоша состојба.

Галерија

Поврзано Битолско архијерејско намесништво Кукуречанска парохија Нижеполе

Наводи

Надворешни врски

Детален извештај за мониторинг од ИКОМОС Македонија

Нижеполе