Градиште, познат и како Градо или СкалатаНацев, Т. (2003). „Археолошки истражувања и конзерваторско-реставраторски работи на археолошки локалитет Градиште“. Зборник IX-X. стр. 32. — археолошко наоѓалиште во делчевското село Град. Претставува градиште од доцноантичко време.

Местоположба и големина Градиштето е сместено на висок рид со доминантна положба на североисточниот раб на селото Град. Во подножјето на ридот од североисточната страна е коритото на реката В‘чин Дол, а на југозападната страна од ридот тече реката Стрежна. Наоѓалиштето има неправилен правоаголен облик со должина од 300 м и различна ширина којашто изнесува 60 м кај јужното подградие, 30 м кај акрополот и 100 м кај северното подградие. Вкупната површина на наоѓалиштето изнесува 2 ха.

Историја Градиште претставува доцноантички град од периодот I-III век, а според неговата големина и временската непрекинатост се претпоставува дека можеби се работи за македонскиот антички град Армонија, којшто се наоѓал меѓу Стоби и Пауталија. Археолошките наоди укажуваат дека се работело за добро обезбедена тврдина со акропол на врвот на ридот и кула за набљудување на околината и одбрана од напади. На местото не е пронајдена ранохристијанска црква, иако постои предание дека во селото имало повеќе цркви.

Во средниот век, на просторот на градиштето имало развиен црковен живот, а за тоа сведочат трите бронзени крста коишто се пронајдени во него. Првиот крст е утврдено дека потекнува од периодот X-XII век, за вториот се знае само дека е од средниот век, а третиот е од XVIII век. Од расположливите податоци од времето на владеењето на српските цареви Милутин и Душан, како и од Турскиот попис од 1570 година се осознава дека се работело за голема и организирана населба.

Во 2024 година, по иницијатива на иселеници од селото Град во Швајцарија, во Градиште бил поставен и осветен крст.„Осветен Крстот на тврдината Градиште во делчевското село Град“. Курир. 2 август 2024.

Археолошки истражувања Наоѓалиштето за првпат било забележано од страна на Апостол Керамитчиев со истражувањата спроведени во периодот 1970-1972 година. На ридот на градиштето се пронајдени голем број монети од римскиот период и рановизантиското време, камени садови и керамика од сите периоди, покривни ќерамиди и голем број на питоси. Дел од пронајдените монети се чуваат во Музејот на Македонија во Скопје.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069.„Тврдината кај село Град“. Општина Делчево. Врз основа на пронајдените артефакти е утврдено дека наоѓалиштето веројатно потекнува од периодот од римскиот до рановизантискиот период. Керамитчиев наведува дека, врз основа на неговата големина и временската непрекинатост, би можело да се работи за македонскиот антички град Армонија, којшто се наоѓал меѓу Стоби и Пауталија.

Систематски археолошки истражувања биле спроведени во периодот од 5 март до 5 септември 2001 година, а наоѓалиштето било поделено на три дела: акропол, јужно подградие и северно подградие.

Акропол мини|десно|180п|Акрополот Акрполот има мала површина со димензии 20 х 20 м. Со истражувањата на овој простор се откриени четири гробови од типот на слободни укопи без конструкција со скелетно погребување. Гробовите се во правец запад-исток со мал отклон кон север. Кај еден од гробовите се пронајдени прстен и две бронзени кочиња, коишто е утврдено дека потекнуваат од XIV век, па оттаму и некрополата временски е сместена во периодот XIV-XVI век. Освен гробовите, откриен е и поголем број на расфрлан остеолошки материјал (на пр. черепи, ивери, ребра итн.), како и уште најмалку осум до десет покојници, што наведува дека средновековната некропола била многу поголема, но веројатно била уништена од страна на диви копачи или од ерозија.Нацев, Т. (2003). „Археолошки истражувања и конзерваторско-реставраторски работи на археолошки локалитет Градиште“. Зборник IX-X. стр. 32-33.

Кај акрополот е откриен и ѕид којшто најверојатно претставува северен бедем од утврдување коешто го окружувало. Дополнително, откриени се и остатоци од малтер на источниот, западниот и јужниот дел од акрополот, коишто заедно со северниот ѕид сочинувале утврдување со неправилен правоаголен облик. Ѕидот се протега во правец североисток-југозапад, долг е 17 м, широк е 1 м и има различна висина делумно поради уништување и делумно поради променливиот релјеф на просторот. Оттука, висината во североисточниот дел изнесува 0,4 м, во средишниот дел 0,8 м, а во југозападниот дел 0,3 м. Ѕидот во југозападниот дел завршува под прав агол и претставува североисточен довратник на влезот во утврдувањето. Тој е изграден на карпа, којашто претходно била обработена за да служи како темелна подлога, а градеењето е изведено со примена на техниката на неправилен опус без нагласени хоризонтални редови со широк меѓупростор. За изградбата бил користен кршен и во мал дел приделкан и речен камен, а спојувањето било извршено со варов малтер без примена на толчени тули. Врз основа на ваквиот начин на градење и откриените парчиња керамика од доцноантичко време може да се заклучи дека ѕидот потекнува од тој период.Нацев, Т. (2003). „Археолошки истражувања и конзерваторско-реставраторски работи на археолошки локалитет Градиште“. Зборник IX-X. стр. 33-34.

Со натамошните истражувања на акрополот, на длабочина од 1,3 м се откриени парчиња керамика, коишто според кршењето и обликот може да се сместат во бронзеното време. Според тоа, акрополот веројатно бил населен уште од бронзеното време, а во периодот XIV-XVI век од место за живеење бил претворен во некропола.Нацев, Т. (2003). „Археолошки истражувања и конзерваторско-реставраторски работи на археолошки локалитет Градиште“. Зборник IX-X. стр. 34.

Јужно подградие Јужното подградие е подрачје коешто е погодно за изградба на повеќе одбранбени и станбени објекти. Истражувањата придонеле кон откривање дел од утврдување со две одбранбени кули (северна и јужна) и одбранбен ѕид, коишто го сочинуваат влезната партија од јужното предградие. Влезните партии со истурени одбранбени кули во однос на одбранбениот ѕид со челно поставен влез се карактеристични за средновековните утврдувања. Кулите во јужното подградие се вовлечени во однос на одбранбениот ѕид, а влезот се наоѓа меѓу јужната кула и одбранбениот ѕид.Нацев, Т. (2003). „Археолошки истражувања и конзерваторско-реставраторски работи на археолошки локалитет Градиште“. Зборник IX-X. стр. 34-36.

Северна и јужна кула мини|десно|250п|Северната (лево) и јужната кула (десно) мини|десно|170п|Внатрешноста на јужната кула Северната кула има правоаголен облик со димензии 6,0 х 5,3 м од надворешната страна и квадратен облик со димензии 4 х 4 м од внатрешната страна. Поставена е во правец североисток-југозапад. Влезот се наоѓа во средишниот дел на источниот ѕид и е широк 1,5 м. Во југозападниот дел од внатрешната страна е откриена инчеста јама. Ѕидовите на кулата се изградени на претходно подготвена карпа, а при изградбата е користена техниката на неправилен опус без нагласени хоризонтални редови. Изградени се од камен којшто е споен со варов малтер во меѓупростор до 0,02 м, а на одредена висина бил поставуван и дрвен серклаж од внатрешната страна на ѕидовите. Освен камења, биле користени и кршени покривни ќерамиди за израмнување на редовите. Висината на ѕидовите се разликува од внатрешната и надворешната страна, што се должи на начинот на градење и релјефот. Најдобро се сочувани северниот, источниот и западниот ѕид, додека на јужниот ѕид се забележителни најголеми оштетувања. Северниот ѕид е висок од 0,5 до 1,8 м од внатрешната и од 0,2 до 0,6 м од надворешната страна, источниот ѕид од 0,4 до 0,8 м од внатрешната и надворешната страна, западниот ѕид од 1,8 до 2,2 м од внатрешната и од 0,4 до 1,2 м од надворешната страна, а висината на сочуваните делови од јужниот ѕид е до 1,5 м од внатрешната и надворешната страна. Ширината на ѕидовите се движи од 0,60 до 1,05 м. Најизразена е ширината на јужниот ѕид, каде што на висина од 1,2 м изнесува 1 м. Источниот ѕид е широк 0,8 м, а западниот ѕид 0,6 м.Нацев, Т. (2003). „Археолошки истражувања и конзерваторско-реставраторски работи на археолошки локалитет Градиште“. Зборник IX-X. стр. 36-37.

Јужната кула се наоѓа на 8 м југозападно од северната кула. Таа е поставена во иста оска со северната кула со отстапување од 0,5 м кон исток, што најверојатно прозилегува од поставеноста на влезот. Оваа кула е градена на сличен начин како и северната, така што и кај неа се јавуваат различни висини на сочуваните ѕидови од внатрешната и надворешната страна. Најдобро се сочувани северниот и западниот ѕид, додека јужниот и источниот се отркиени во малтер на претходно подготвена и зарамнета карпа, а само на одделни места се среќаваат камења коишто припаѓаат на ѕидовите. Северниот ѕид е висок од 0,1 до 1,5 м од внатрешната и од 0,3 до 1,1 м од надворешната страна, а западниот ѕид до 1,6 м од внатрешната и надворешната страна. Кај двете кули се откриени ѕидни платна коишто се градени со друга техника, што укажува на тоа дека тие не припаѓаат на периодот на изградба на кулите, туку се остатоци од претходна градежна фаза и биле искористени за изградбата на кулите.Нацев, Т. (2003). „Археолошки истражувања и конзерваторско-реставраторски работи на археолошки локалитет Градиште“. Зборник IX-X. стр. 37-38.

Одбранбен ѕид Одбранбениот ѕид на утврдувањето е во должина од 16 м и се протега во правец североисток-југозапад, следејќи ја оската на северната и јужната кула, и на тој начин образува предворие на јужното поддградие. Ѕидот има различни ширини за сметка на влезот. Почнувајќи од откриениот северен дел и во должина од 7,5 м кон југ до југозападниот агол на северната кула, ширината изнесува 1,9 м. Кај аголот, неговата ширина се стеснува на 1,6 м и со оваа ширина продолжува кон југ во должина од 2,8 м. Потоа, ѕидот се шири на исток и запад во должина од 1,5 м, образувајќи плато со димензии 5,0 х 2,8 м. Од западниот дел продолжува кон југ со ширина од 1,2 м и со должина од 2 м. Овој дел заедно со западниот ѕид на јужната кула го образуваат влезот на утврдувањето со ширина од 2 м. Во најголем дел, особено на северната страна, ѕидот е откриен во малтерна подлога на претходно зарамнета карпа над којашто се издига. Стеснетиот дел лежи на земјена подлога и, врз основа на наодите, е утврдено дека потекнува од доцноантичкиот период.Нацев, Т. (2003). „Археолошки истражувања и конзерваторско-реставраторски работи на археолошки локалитет Градиште“. Зборник IX-X. стр. 38-39. мини|лево|250|Поглед на селото Град од одбранбениот ѕид Ѕидот е сочуван во три камени реда на источната страна со висина од 0,5 м и во еден камен ред со висина од 0,3 м на западната страна. Плато и продолжението на ѕидот коешто го образува западниот довратник на ѕидот се откриени во висина од 0,3 до 0,6 м. Ѕидот е граден со примена на техниката на неправилен опус без нагласени хоризонтални редови, а на надворешната страна на источното крило на платото се забележува дрвен серклаж по целата должина на ѕидот во висина од 0,5 м од прагот на влезот. При ѕидањето биле употребени варовник и речен камен, а како сврзувачко средство е користен варов малтер којшто се среќава во меѓупростор до 0,02 м. За разлика од кулите, кај коишто при зарамнувањето на редовите се користени кршени покривни ќерамиди, тоа не е утврдено кај одбранбениот ѕид.Нацев, Т. (2003). „Археолошки истражувања и конзерваторско-реставраторски работи на археолошки локалитет Градиште“. Зборник IX-X. стр. 39.