мини|десно|250п|Балсас во Којука де Каталан. Балсас () или Мескала (Mezcala) — река во јужно-средно Мексико, една од најголемите во државата со должина од 771 км и сливна површина од .

Речниот слив на Балсас се протега во сојузните држави Пуебла, Морелос, Гереро и Мексико. Реката тече низ планинскиот венец Јужна Сиера Мадре, а се празни во Тихиот Океан кај градот Ласаро Карденас. По течението има неколку слапови кои ја огрнаичуваат пловноста, па затоа реката се користи претежно за добивање на хидроенергија, спречување на поплави и наводнување.

Историја Долината на Балсас е веројатно првото место кајшто е припитомена пченката, уште пред 9200 години. Познато е дека во долината живееле разни народи како Јопите, Коишиканците, Матлацинките (Чонтали), Тлавиките и Шочимилките, а потоа и Наванците, но археологијата сè уште го нема утврдено редоследот на нивното населување. Во периодот од 1100 до 480 п.н.е. подрачјето помеѓу долното течение на Балсас и реката Лерма-Сантјаго потпаднало под власта на државата на Пурепечите (Тараскан).

Според пописот од 1980 г. во поречието на Балсас живееле вкупно 47.000 луѓе, распоредени во 37 населени места во рамките на шест општини. Од нив, 47 % биле навански народи, 23 % биле Миштеци, 19 % биле Тлапенци, а 4% Амузги. во 1990-тите населението пораснало на 60.000 жители. Иако засебни, овие заедници се во блиско културно и јазично сродство.

Географија иа клима Балсас настанува со слевањето на реките Сан Мартин и Савапан во реката Атојак (Atoyac) во сојузната држава Пуебла. Оттука тече на југозапад, а потоа свртува на запад, минувајќи низ котлината во државата Гереро, и завршува во Тихиот ОкеанМестоположба на устието: .

Горниот дел од сливот им припаѓа на сојузните држави Пуебла, Мексико, Морелос и Гереро. Тука спаѓаат и неколку други речни системи во Мексиканската (Централна) Висорамнина, од кои главен е оној на реката Тлапанек со неговите притоки кои дотекуваат од планината Оашака Миштека. Поголема составна притока е Амацусак, која пак настанува од потоците околу вулканот Шонакантепек и реките Сан Херонимо и Чонталкоатлан. Последните две извираат од познатиот вулкан Попокатепетл и течат низ државата Морелос.

Климата по течението се движи од умерена до суптропска, со средна годишна температура помеѓу 12,5 и 28 °C. Врнежите се сезонски — 90 % од количеството паѓа од мај до септември. Просечните врнежи се движат од 546 мм во сувите предели на долината до 1.000–1.600 мм кај горските езера во горното течение.

Стопанство Долината на Балсас се обработува веќе илјадници години. Во денешно време земјиштата се наводнуваат од вештачките езра на двете брани, кои воедно произведуваат струја. Акумулацијата над Тјерра Калиенте наводнува полиња со памук и ориз

Поврзано Јужна Сиера Мадре

Наводи

Надворешни врски

Скривалиште Шиватоштла — наоди за палеоиндиската употреба на пченката Балсас — Голема руска енциклопедија

Категорија:Реки во Мексико Категорија:Пуебла Категорија:Гереро Категорија:Мексико (сојузна држава)