Мирослава Николоска (моминско: Николова; во ) — македонски психолог и универзитетска професорка на Педагошкиот факултет во Скопје.
Животопис
Дипломирала на Филозофскиот факултет во Белград (1974 година), каде што магистрирала (1987 година). Докторирала на Филозофскиот факултет во Скопје (1996 година). Во 1977 година е избрана за асистент на Институтот за психологија при Филозофскиот факултет во Скопје, а 1987 година работи на Педагошката академија „Св. Климент Охридски“ во Скопје, каде што е редовен професор од 2000 година. Учествувала на повеќе домашни и меѓународни научни и стручни собири, а била и координатор на неколку меѓународни проекти во областа на образованието. Автор е на повеќе научни и стручни трудови од областа на психологијата на личноста, моралниот развој и психологијата на образованието.
Наводи
Категорија:Луѓе од Скопје Категорија:Македонски психолози Категорија:Македонски универзитетски професори