Виолета Петроска-Бешка (моминско: Радомирова; во ) — македонски психолог и универзитетска професорка на Филозофскиот факултет во Скопје.

Животопис

Таа дипломирала психологија на Филозофскиот факултет во Скопје (1979), магистрирала на универзитетот универзитетот „Колумбија“во Њујорк (1982), а докторирала на Филозофскиот факултет во Белград (1989). На Филозофскиот факултет во Скопје се вработила во 1980 година, а редовен професор е од 1999 година. По дополнителното образување на универзитетот Колумбија во Њујорк (1994), нејзиниот научно-стручен ангажман бил проширен и на полето на разрешувањето судир и меѓуетничко разбирање. Таа била сораководител на Центарот за човекови права и разрешување на конфликти во Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања (од 2001). Објавила голем број трудови, учебници и прирачници.

Наводи

Надворешни врски Виолета Петроска-Бешка на службената страница на Филозофски факултет - Скопје ()

Категорија:Луѓе од Скопје Категорија:Македонски психолози Категорија:Македонски универзитетски професори Категорија:Македонски учебникари Категорија:Југословенски психолози Категорија:Професори на Филозофскиот факултет - Скопје Категорија:Апсолвенти на Филозофскиот факултет - Скопје Категорија:Магистри на универзитетот „Колумбија“ Категорија:Доктори на Белградскиот универзитет