Снежана Адамческа (моминско: Миркова; во ) — македонски педагог и универзитетска професорка на Филозофскиот факултет во Скопје.
Животопис
Дипломирала (1973), магистрирала (1983) и докторирала (1988) на Филозофскиот факултет во Скопје. Научен интерес и е дидактичко-методичка проблематика, посебно иновативните техники и меоди на наставата. Автор е на над 80 стручни и научни трудови на неколку учебници за основно образование. Била продекан и в.д. декан на Филозофскиот факултет во Скопје и член на Сенатот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.
Наводи
Категорија:Македонски педагози Категорија:Македонски универзитетски професори Категорија:Југословенски педагози Категорија:Апсолвенти на Филозофскиот факултет - Скопје