Зорица Блажевска ( во ) — македонска архитектка и универзитетска професорка на Архитектонскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Животопис

Зорица Блажевска дипломирала на Архитектонско-градежниот факултет во Скопје (1973). Вработена е на Архитектонскиот факултет во Скопје како асистент и по изборот во други наставнички звања е избрана за редовен професор (2003) по преметот Проектирање станбени и угостителски објекти. Докторирала на Архитектонскиот факултет во Скопје (1991). Освен со педагошка дејност, се занимава и со научноистражувачка работа, со архитектонско проектирање и со публицистика. Нејзината проектантска активност резултира со реализација на повеќе поединечни семејни куќи, а забележително е и учеството на анонимни архитектонски конкурси.

Награди 2022 - Награда „Андреја Дамјанов“

Наводи

Категорија:Луѓе од Скопје Категорија:Македонски архитекти Категорија:Македонски универзитетски професори Категорија:Добитници на наградата „Андреја Дамјанов“