Оља Ивањицки (Панчево, 10 мај 1931 – Белград, 24 јуни 2009) — српска и југословенска сликарка, вајарка, поет и член на УЛУС (Здружение на ликовни уметници на Србија).
Животопис десно|мини|Наследството на Ивањицки во Историскиот музеј на Србија, 2017 год.|293x293пкс Оља Ивањицки (вистинско име – Олга) е родена во Панчево, во руска болница. Нејзините родители, таткото, Василиј Васиљенко Ивањицки, и мајката, Вероника Михајловна Пјотровска, биле бегалци од Русија по Октомвриската револуција. Живееле во Крагуевац од каде се преселиле во Белград, каде таа студирала вајарство на Академијата за ликовни уметности. Иако запишала друга насока, сепак од самиот почеток се занимавала со сликарство. Дипломирала во 1957 година, во класата на професорот Сретен Стојановиќ. По завршувањето на магистериумот во 1962 година, таа добила посебно признание и стипендија од Фордовата фондација за студии во САД, а во 1978 година добила можност да учествува во програмата на Фулбрајтова фондација.
Таа била еден од основоположниците на Ниш Арт фондацијата и салонот Музеј Медијале, а во 2007 г. го основала Фондацијата на Оља Ивањицки, со цел да тој го основа Музејот на Оља Ивањицки.
Во 1957 г. таа со група на сликари (Леонид Шејка, Владимир Величковиќ, Љубомир Поповиќ, Миодраг Ѓуриќ) ја основала групата Медијала, која ја претставувале млади сликари, писатели, филозофи, архитекти и композитори. Заедничка цел на сите членови на Медијала била единствената идеја: бескрајна љубов кон уметноста и бескрајно верување во нејзината севкупна моќ.
Таа имала над деведесет самостојни изложби и учествувала на бројни национални и меѓународни групни изложби. Ивањицки како сликарка била под влијание на симболизмот, надреализмот, поп-артот и фантастичната уметност. Во текот на нејзината кариера, таа ја добила Вуковата награда во 1988 г., Седмојулската награда (1988 год.) и Наградата на Кариќ.Biography by Olga Ivanjicki Foundation, Посетено на 2017-05-06.Olga Ivanjicki (PDF) by Čitajteo Project , Посетено на 2017-05-06.Kako žive beogradski slikari - Mediala (1964), TV-documentary on YouTube, Посетено на 2017-05-06.Karić Award Laureates 2008 , Посетено на 2017-05-21.
Литература
Вечен услов – поезија, Новости, Белград, 2008 г. Painting the Future, Philip Wilson Publishers, London 2009.Olga Ivanjicki in COBISS.SR , Посетено на 2017-05-06.
Наводи
Надворешни врски Официјално мрежно место на Фондацијата на Оља Ивањицки
Категорија:Родени во 1931 година Категорија:Починати во 2009 година Категорија:Луѓе од Белград Категорија:Српски уметници Категорија:Српски архитекти Категорија:Српски вајари Категорија:Срби од 20 век Категорија:Срби од 21 век Категорија:Погребани во Алејата на заслужните граѓани на Новите гробишта (Белград) Категорија:Починати во Белград