Елмира Хусејнова (12 февруари 1933 – 23 јануари 1995 година) — азербејџански вајар и портретист, која има одржано изложби во различни локации низ светот и беше призната како Почесен уметник на Азербејџан.
Ран живот Елмира Хусејнова кизи Мехрали (Елмира Хусејнова, ќерка на Мехрали) е родена на 12 февруари 1933 година во Баку, Азербејџанска Советска Социјалистичка Република. Таа уште од рана возраст имала желба да стане уметник. Елмира студираше на Државиот универзитет за уметност Азим Азимзаде, дипломирајќи во 1954 година. Таа го продолжи своето образование во Државниот научен институт за сликарство, скулптура и архитектура Иљја Репин во Санкт Петербург, дипломирајќи во 1960 година.
Кариера Хусејнова почна да одржува изложби во 1957 година и во Азербејџан и во разни други републики на СССР. Тие главно се фокусирале на културни икони—писатели, научници, воени херои и обични работници. Во однос на вајарството, таа работеше со различни медиуми како бронза, керамика, епоксидна смола, мермер, гипс, камен и дрво. Таа работеше со различни видови на дрва и материјали за создавање на најпознатите и значајните нејзини дела. Таа во стапила во брак со Тогрул Нариманбеков и тие заедно имале една ќерка, Асмар Нариманбеков, која била именувана по братот на нејзината мајка и и исто така станала Почесен уметник на Азербејџан.
Хусејнова најмногу се истакна со нејзините масивни скулптури и нејзината оригиналност во однос на композицијата. Некои од нејзините најистакнати дела се: Селска девојка (1957), Работник (1958), Семејство (1960), и Мајка (1970). Таа создала скулптури за гробовите на Јафар Џабарли (1968) и Расул Рза (1970), како и барелјеф за Лав Ландау и споменик за Хасан бег Зардаби (1983), кој се наоѓа во Стар град на влезот на издавачката куќа на Азербејџанска енциклопедија. Таа создала два споменици во Германија и во 1967 година беше призната како Почесен уметник на Азербејџан. Други истакнати нејзини дела се статуата на Дмитриј Менделеев на лоџијата на Националната библиотека на Азербејџан во Баку, споменикот на Џафар Џабар во Сумгајит (1966) и слика на платно во зградата Мили Меџлис која била портрет на Незами Ганџави. Во прилог на нејзините скулптури, таа беше позната и по нејзините портрети, од кои најпознати се: Портрет на Сатар Бахлулзаде, Портрет на Расул Рза, Портрет на студент и Портрет на Тогрул.
Смрт и наследство Хусејнова починала на 23 јануари 1995 година во Баку по долго и тешко боледување. Некои од нејзините дела во постојани колекции на Националниот музеј на уметноста на Азербејџан и Азербејџанските државни уметнички галерии (аз), како и во приватни колекции. Во 2012 година, во нејзина меморија била одржана изложба на одредени нејзини дела во Бакуската галерија.
Наводи
Извори
Користена литература:
Категорија:Родени во 1933 година Категорија:Починати во 1995 година Категорија:Азери Категорија:Жени-уметници Категорија:Сликари Категорија:Вајари