Љупка Арсова-Џундева ( во СкопјеПочина Љупка Арсова - Џундева — во ) — македонска театарска, филмска и телевизиска глумица.

Во ансамблот на Драмата при Македонскиот народен театар, Џундева се вработила во 1951 година. Припаѓа на генерацијата глумци кои ја завршиле Државната театарска школа во Скопје. Во овој театар, таа работела до пензионирањето во 1990 година, иако и по пензионирањето продолжилаа да биде активна во театарот.

Добитник е на Наградата „13 Ноември“ која е доделувана од Град Скопје, потоа на Наградата за уметничко остварување доделена од Југословенската радио-телевизија, Орден на трудот со златен венец и Орден на трудот со сребрен венец.

Животопис

Деството го поминала во близина на Градскиот парк во Скопје каде што и живеела. Основно образование има завршено во Скопје, во 1948 година се запишала на Државната средна театарска школа во Скопје. По завршувањето на Државната средна тетарска школа во 1951 година, Џундева веднаш била примена како уметник во Македонскиот народен театар. За разлика од поголемиот број нејзини колеги и колешки, таа му останала верна на својот театарски колектив каде работела сè до нејзиното пензионирање, односно 1990 година.

Подеднакво има настапувано во дела од домашна-македонска продукција и југословенска драматургија, во светска драмска класика и во сценски остварувања од најпознати современи автори. Била член на Театарскиот совет и на Уметничкиот совет при Драмата на МНТ. Играла во првиот македонски филм „Фросина“, во првата македонска комедија „Мирно лето“, во филмот „Македонска крвава свадба“ и во многу други театарски претстави, телевизиски драми, монодрами и радио-драми. Има отстварено голем број гостувања во поранешна Југославија, Италија, Словачка, Русија, Бугарија и други земји. Иако била во пензија од 1990 година, таа уште била активна на театарската сцена. Таа заедно со глумиците: Мери Бошкова, Нада Гешоска и Милица Стојанова се смета за една од најпознатите и најангажирани актерки и бардови на македонското глумиште.

Ги има добиено наградите: Награда за животно дело „11 Октомври“; Награда за животно дело „Војдан Чернодрински“; Награда „13 Ноември“ на Град Скопје; Орден на трудот со сребрен венец; и Орден на трудот со златен венец.

Има добиени и други помали награди и признанија.

Театарски улоги

Џундева има настапувано како: Анка („Г-ѓа министерка“); Ана („Ревизор“); Евдокија („Време за пеење“); Ирина („Матурска вечер“); Коломба („Валпоне“); Кате („Антица“); Наталија („Три сестри“); Павлина („Потоп“); Регана („Крал Лир“); Свршеничката („Крвави свадби“); Симка („Печалбари“); Жена на Рефренд („Посета на старата дама"); Г-ѓа Де Резмонд („Опасни врски"); Марина („Вујко Вања"); и други

Филмографија

Година Филм Улога 1952 Фросина ТВ-филм Љуба 1961 Мирно лето ТВ-серија Мира Мишевска 1967 Македонска крвава свадба ТВ-филм Гина 1967 Пустина ТВ-филм 1968 Стотиот чекор ТВ-филм 1968 Лудиот и калуѓерицата ТВ-филм 1968 Грдиот Нарцис ТВ-филм 1969 Свекник ТВ-филм 1969 Волшебниот воз ТВ-серија 1969 Итрата вдовица ТВ-филм 1969 Антица ТВ-филм Кате 1970 Слики на дрво ТВ-филм 1970 Балада за орканата ТВ-филм 1971 Пречек ТВ-филм Марија 1971 Делба ТВ-филм 1975 Волшебното самарче ТВ-серија 1975 Шути и рогати ТВ-серија 1977 Нели ти реков ТВ-филм 1980 Оловна бригада ТВ-филм 1980 Двојка ТВ-филм 1981 Првите цутови ТВ-филм 1981 Милион маченици ТВ-филм 1982 Илинден ТВ-серија 1984 Нели ти реков ТВ-филм 1986 Состојба пред инфаркт ТВ-филм Евгенија 1988 Трето доба ТВ-серија Цвета 1992 Време, живот ТВ-филм Цвета 1997 Светлини и бои ТВ-филм 1997 Џипси меџик ТВ-филм Сметко-водителка 1999 Време живот ТВ-филм 2000 Мултилевел ТВ-филм Марта 2000-2001 Погрешно време ТВ-серија Ката 2000-2001 Во светот на бајките ТВ-серија 2002 Наше маало ТВ-серија Ана 2006 Мост ТВ-филм Катерина 2012 Бардо ТВ-филм Бабата 2015 Македонски народни приказни ТВ-серија Гатачката 2016 Ослободување на Скопје ТВ-филм 2016 Златна петорка ТВ-филм Ката 2017 Љубов и предавство ТВ-серија Ката

Наводи

Надворешни врски Биографија на Љупка Џундева , Македонски народен театар

Категорија:Глумици од Скопје Категорија:Македонски филмски глумци Категорија:Македонски телевизиски глумци Категорија:Македонски театарски глумци Категорија:Македонски гласовни глумци Категорија:Југословенски глумци Категорија:Глумци во Македонскиот народен театар