Коста Јаневски (р. 13 мај 1960 г во Штип) — македонски политичар и градоначалник на Општина Струмица во периодот од 2017 до 2021 година, и поранешен Пратеник во Собранието на Република Македонија. По професија е лекар интернист. Бил избран за Член на Советот на општина Струмица двапати во периодот од 2009 до 2016 година. Членува во политичката партија СДСМ.

Рани години и лекарска кариера Коста Јаневски е роден на 13 мај 1960 година во Штип, НР Македонија. Основно и средно училиште завршил во Струмица, а потоа студирал на Медицинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. По завршувањето на факултетот, тој се вратил во Струмица и започнал со работа во Општата болница. Во 2002 година, тој го доусовршил своето образование со специјализација по интерна медицина, при што се посветил на својата работа како лекар интернист.

Партиска и политичка кариера Во 2009 година, тој се вклучил во политиката и е член на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија. Истата година бил избран за член на Советот на Општина Струмица. Четиригодишниот мандат го продолжил, и во 2013 година по вторпат станал член на советот. Во 2016 година бил избран за пратеник во Собранието на Република Македонија од редовите на СДСМ. Пратеничкиот мандат го прекинал откако победил на локалните избори за градоначалник на општина Струмица, при што на 20 октомври 2017 година ја презел функцијата од Костадин Костадинов, вршител на должноста.. Функцијата ја извршувал до 27 октомври 2021 година..

Наводи

Надворешни врски

Градоначалник на општина Струмица

Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1960 година Категорија:Политичари од Штип Категорија:Политичари од СДСМ Категорија:Градоначалници на Општина Струмица Категорија:Пратенички состав 2016-2020 Категорија:Македонски лекари Категорија:Југословенски лекари Категорија:Апсолвенти на Медицинскиот факултет - Скопје