Во старогрчката религија, Ананке (/əˈnæŋкiː/),  (на грчки: Ἀνάγκη, од заедничката именка ἀνάγκη - "сила, присила, неопходност"), е персонификација на неизбежноста, присилата и потребата. Таа често е прикажана како држи вретено. Една од грчките исконска божества, Ананке го означува почетокот на космосот, заедно со нејзиниот татко и сопруг, Хронос (не Титанот Крон). Ја гледале како најмоќниот диктатор на сета судбина и околност, што значи дека смртниците, како и боговите ѝ искажувале почит. Сметана за мајка на Судбините (Мојри) според една верзија, таа е единствената која имала контрола врз нивните одлуки (освен, според некои извори, врз Зевс).

Според древнот грчки патописец Павзаниј, имало храм во антички Коринт каде божиците Ананке и Бија (што значи насилство) биле обожавани заедно во еден ист храм. Ананке која ја претставува Судбината или Неопходноста или Силата често е идентификувана или поврзувана со Афродита, особено со Афродита Уранија која ја претставува небесната Љубов, бидејќи и двете се сметаат за две страни од истата онаа моќ која го диктира животот. Нејзин римски еквивалент е Нецесита ("потреба").

Потекло на поимот "Ананке" е изведенка од заедничката грчка именка ἀνάγκη (јонски дијалект: ἀναγκαίη anankaiē), што значи "сила, присила или потреба." Заедничката именка себе по себе е неизвесна.R. S. P. Beekes, Etymological Dictionary of Greek, Brill, 2009, p. 97. Хомер ја употребува како неопходност, често апстрактна во современиот превод (ἀναγκαίη πολεμίζειν, "неопходно е да се бори") или сила (ἐξ ἀνάγκης, "со сила").Iliad 4.300, Odyssey 4.557: Lidell, Scott: A Greek English Lexicon: ἀνάγκη Во старогрчката литература зборот исто така се користи со значење "судбина" (ἀνάγκη δαιμόνων, "судбина од демони или од богови"), и со проширување "присила или тортура на помоќниот."E.Ph.1000, Xenophon, Hiero 9.4 Таа се појавува често во поезијата, како на Симонид: "Дури и боговите не се борат против ананке".Simonides Fr. 4.20 Diehl: C. M. Bowra (1958), The Greek Experience. W. P. Publishing company, Cleveland and New York, p. 61

Постарите преводи ја превеле (со скусување) во помодерна филозофска смисла како "неопходност", "логична нужност",Aristotle, Metaph.1026.b28, 1064.b33: Lidell, Scott: A Greek English Lexicon: ἀνάγκη или "закони на природата".Xenophon, Memorabilia 1.11.1: Lidell, Scott: A Greek English Lexicon: ἀνάγκη

Митологија мини|Ананке, опера од Гилберт Бајес. Во Орфичката митологија, таа е самосоздадено битие кое се појавило на самиот почеток на постанокот на светот со бестелесен, серпентински облик како со испружени раце го опфаќа космосот. Ананке и Хронос се заедно, се испреплетуваат во змијски облик како јазол околу универзумот. Заедно го скршиле исконското јајце на создавањето од што потоа настанала земјата, небото и морето и сиот подреден универзум. Ананке е мајка (или друг идентитет) на Адрастеја, дарителка на награди и казни.

Мајка на судбините Грчкиот филозоф, Платон во неговата Република зборува за родителството на Мојрите односно Судбините во следниве редови:Plato, Republic 617c (trans. Shorey) (Greek philosopher C4th B.C.) :"И имаше уште три што седнуваа во круг во еднакви интервали, секоја на нејзиниот престол, Мојрите (Moirae, Судбини), ќерките на Ананке, облечени во бело, Лахесис (Lachesis), и Клото (Clotho), и Атропос (Atropus), кои пееја заедно со музиката на сирените, Лахесис пеела за нештата кои биле, Клото за нештата кои се, и Атропос за нештата кои ќе бидат . . . ."Додека Есхил, познатиот трагичар во Окованиот Прометеј Мојрите ги нарекува кормилари на божицата Ананке заедно со три Еринии:Aeschylus, Prometheus Bound 510 ff Во филозофското размислување Во Тимеј, Платон го тера соговорникот Тимеј (а не Сократ) да тврди дека во создавањето на универзумот се обединиле спротивставените елементи - интелектот (nous) и неопходноста (ananke). Како и на други места, така и тука Платон ја меша апстракцијата со неговиот создаден мит: "Овој подреден свет (космосот) е од мешано раѓање: тој е чедо на спојот на Потребата и на Интелектот. Интелектот преовладал над Потребата убедувајќи ја (со помош на Пејто, божицата на убедувањето) да нареди повеќето од нештата да стигнат до најдоброто. Така кога Потребата се покорила на мудрото убедување се создал универзумот" (48a, превод. Џон М. Купер).

Зборот "Ананке" се појавува во романот Богородичната црква од Париз на Виктор Иго . Во неговата Сета лира, Хуго исто така ја споменува Ананке како симбол на љубовта. Еве што напишал Иго за тоа во 1866. Зигмунд Фројд во "Цивилизацијата и нејзините незадоволства" (W. W. Norton, New York: 1961, стр. 104) рекол: "Ние можеме да бидеме задоволни само ако тврдиме дека процесот на цивилизација е промена која виталниот процес ја доживува под влијание на задачата поставена од Ерос и поттикната од Ананке - од тоа што го бара реалноста; и дека оваа задача е една од оние кои ги спојува одвоените поединци заедно споени во либидални врски."

Поврзано Божица Мајка

Наводи

Надворешни врски Theoi Проект - Ананке Многујазичен речник Грчки митолошки ликови: Ананке

Категорија:Старогрчки божици Категорија:Старогрчка митологија Категорија:Персонификации