„Митизација на реалноста“ е збирка раскази, есеи и цртежи на полскиот писател Бруно Шулц, објавена од издавачката куќа „Бегемот“ во 2015 година. Збирката содржи раскази што не биле застапени во двете збирки на Шулц, а биле објавени во полските списанија во периодот 1934-1939 година.Бруно Шулц, Митизација на реалноста. Скопје: Бегемот, 2015.

Содржина Книгата се состои од три дела: раскази; есеи, книжевни критики и писма; и цртежи на Бруно Шулц. Предговорот кон книгата, со наслов „Сонуваната реалност на Бруно Шулц“, го напишала Лидија Танушевска. Во збирката се содржани следниве раскази:Бруно Шулц, Митизација на реалноста. Скопје: Бегемот, 2015. Есен Република на мечтите Комета Татковина Во продолжение, книгата ги содржи следниве есеи, критики и писма:Бруно Шулц, Митизација на реалноста. Скопје: Бегемот, 2015. Митизација на реалноста Фердидурке Базелските ѕвона Патувањата на скептикот Поговор кон полскиот превод на Процес од Франц Кафка Писмо до Стањислав Игнаци Виткјевич Најпосле, во третиот дел се ставени следниве цртежи на Шулц:Бруно Шулц, Митизација на реалноста. Скопје: Бегемот, 2015. Илустрација кон расказот „Пролетта“ од „Санаториумот во знакот на клепсидрата“ Илустрација кон расказот „Еѓо“ од „Санаториумот во знакот на клепсидрата“ Илустрација кон расказот „Санаториумот во знакот на клепсидрата“ од истоимената збирка Илустрација кон расказот „Санаториумот во знакот на клепсидрата“ од истоимената збирка Илустрација кон расказот „Опседнатост“ од „Продавниците со боја на цимет“ Во градината Пролет Автопортрет покрај бирото за цртање, 1919 Инфанта и џуџиња Револуција во градот Ундула на прошетка, 1919 Посвета, 1920 Пастуви и евнуси, 1920-1921 Автопортрет покрај штафелајот, 1920 Сузана и старците, 1920-1921 Ѕверки, Книга на идолопоклонството, 1920-1922 Ундула кај уметниците, Книга на идолопоклонството, 1920-1922 Маѓепсан град, Книга на идолопоклонството, 1920-1922 Ундула во ноќта, Книга на идолопоклонството, 1920-1922

Технички податоци Книгата била објавена во рамки на едицијата „Ars magna“, а во тираж од 500 примероци. Преводот од полски јазик го направила Лидија Танушевска; ликовното уредување на книгата е дело на Бојан Димитриевиќ; а јазичната редакција ја направил Филип Димевски. Книгата била преведена со финансиска помош на Полската програма за преведување на Институтот за книжевност, а била испечатена во „Печатницата Наумовски“ од Скопје. Книгата, со димензии од 18 сантиметри и со обем од 146 страници, е каталогизирана во НУБ „Св. Климент Охридски“ од Скопје и ја носи меѓународната ознака ISBN 978-608-4718-41-3.Бруно Шулц, Митизација на реалноста. Скопје: Бегемот, 2015.

Наводи

Категорија:Изданија на Бегемот Категорија:Дела на Бруно Шулц Категорија:Книги од 2015 година Категорија:Појавено во 2015 година во Македонија Категорија:Полски раскази